15.9 C
Ohrid
петок, декември 1, 2023
ПочетнаМакедонијаЧеститка од министерот Спасовски по повод 4 Јули Денот на независноста на...

Честитка од министерот Спасовски по повод 4 Јули Денот на независноста на САД

Почитувани пријатели од Соединетите Американски Држави,

Дозволете во свое и во име на МВР да ви го честитам Денот на независноста на САД, со желби за континуирани просперитет и благосостојба на пријателскиот американски народ.

Оваа година нашите американски пријатели ја одбележуваат 247-та годишнина од усвојувањето на Декларацијата за независност од 4 Јули, 1776 година – денот кога храбрите американски татковци одлучија да ја земат судбината во свои раце и да работат кон изградба на земја која ќе им овозможи ним и на идните генерации Американци да живеат во мир и слобода.

Америка е идеја за прогрес, избор на можности, заштита на ранливите категории граѓани, контрола над оние со моќ, но и гарант на правдата. Американскиот патриотизам се базира на принципи според кои ниту една личност, ниту една партија, ниту една група на интерес не може да биде над Америка. Тоа е американската приказна. И, долга е низата на патриоти кои ги положиле животите во име на таа света чест за одбрана на оваа нација и на демократијата ширум светот – за слобода, за мир и безбедност, за нови можности, за каузата за правда, или ако сакате – за самата душа на САД – демократијата.

Американската демократија е водечка инспирација за демократиите на глобално ниво, а нам ни претставува особена чест и задоволство што сме стратешки партнери, и што транс-атлантската соработка ја унапредуваме како сојузници во НАТО.
Водени од вредностите кои татковците на САД ги поставиле како темел на американската нација, ние, граѓаните на Република Северна Македонија, ја креираме нашата сегашност и ги поставуваме перспективите токму на тие темели на слобода, еднаквост, правдина. И токму тука се гледа и поддршката на вистинските пријатели – неизмерно сме благодарни на САД кои преку Амбасадата на САД во нашата земја ни пружаат неизмерна поддршка во развојот на нашата демократија, безбедност, економија, социјала. Впрочем, денес сме најбезбедна земја на Западен Балкан, со одржлив мир и заштитени права на секој еден наш граѓанин, без разлика на националната, верската или друга припадност. Република Северна Македонија денес има исклучително добра етаблираност на меѓународно ниво, со висок углед кај сите релевантни регионални и меѓународни организации и иницијативи, за што без дилема придонесе подадената рака на американските пријатели.

Со силна увереност дека и во периодот кој следи, а е од исклучителна важност за нашата земја, ја имаме директната и недвосмислена поддршка од САД – обединети да работиме кон гарантирање на европската иднина на државата, секогаш водејќи се од премисата дека никој не е над државата, над интересите на граѓаните.

Продолжуваме со Стратешкиот дијалог со САД, за уште поблиска и посуштествена соработка, со заеднички напори да градиме отпорност кон сите закани, да ја продлабочуваме соработката во сите области од взаемен интерес и заеднички да придонесуваме за просперитет на регионот и на светот.

Драги пријатели од САД, нека ви е честит 4 Јули – Денот на независноста! 🇺🇸

spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

На здравје бричење: Две и пол години затвор за Мухамед Зеќири, и треба да врати и над 71 милион денари во државниот буџет

Мухамед Зеќири доби две и пол годишна затворска казна во предметот во кој беше обвинет за злоупотреба на службената положба и овластување, за склучување...

Од 18 декември и во Македонија се очекува да профункционира системот “Најди ме“

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски рече дека се уште нема никаква трага од 14 годишната Вања Ѓорчевска, која мистериозно исчезна во понеделникот утрото. Во...

Спасовски :Добиени се податоци од електронските уреди на Вања и од семејството, пребарано е и речното корито на реката Вардар!!!

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски утринава информираше дека се преземаат опсежни мерки за пронаоѓање на 14 годишната Вања Ѓорчевска, која мистериозно исчезна...

Американец до смрт ја претепал сопругата: се скарале за трошоците за мачката

84-годишен маж од американската сојузна држава Пенсилванија е обвинет за убиство на својата сопруга по расправија околу финансиските трошоци за ветеринарната нега на нивната...