25.9 C
Ohrid
четврток, јули 31, 2025
ПочетнаМакедонијаОсуден во „Софтвери“ ја запроси девојката во судница: „Прекрасен момент, нека ви...

Осуден во „Софтвери“ ја запроси девојката во судница: „Прекрасен момент, нека ви е со среќа“, им честиташе судијката

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Даниел Станчев, четвртообвинетиот во случајот „Софтвери“, ја запроси обвинетата Ирена Ивановска после изрекувањето на пресудите во случајот откако обвинителката побара притвор за него затоа што имало опасност да избега оти бил неженет.

<

Во однос на мојата семејна состојба која за обвинителката е околност дека како неженет би се дал во бегство, еве со моето срце јавно ја прашувам Ирена Ивановка дали ќе се омажи за мене. Дали сит после осум години ќе се омажиш за мене. Ти си единствената причина поради која останав во оваа земја – клекна на колена Даниел, а Ирена Ивановска која беше осудена на затворска казна од три години и шест месеци, го кажа судбоносното „да“.

Судијката им честиташе на прекрасниот момент пред да се повлече од судницата за да решава дали ќе им одреди притвор.

– Прекрасен момент за вас двајцата, нека ви е со среќа, но дали имате други причини како околност да се браните од слобода – рече судијката Фанка Јанчулева Михаиловска.

Во овој случај, првообвинетиот Драги Рашковски е осуден на единствена казна затвор од осум години. Второобвинетиот Ивица Димитровски доби пет години казна затвор. На Игор Христов му е одредена казна од пет години и шест месеци. Четвртообвинетиот Даниел Станчев е осуден на 4 години. Ирена Ивановска доби три години и шест месеци, а хонорарците Игор Ивановски и Маја Силјановска добија по три години затвор.

A1on

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мачорот Тито од охридските улици замина да живее во Мичиген

Гладен, жеден, под ведро небо, на горештини, ветрови, студови и дождови. Ваков е животот на големиот број улични животни во земјава. Но...

Општина Пловдив ќе му додели 10.000 евра на Љубчо Георгиевски

Градот Пловдив ќе донира 10.000 евра на бугарскиот културен клуб „Една роза" во Битола, Република Северна Македонија. Одлуката беше донесена денес од страна на...

Предлогот на ССМ не е прифатен, работодавачите не биле подготвени да разговараат за минимална плата

Нема изгледи за зголемување на минималната плата во земјава на 500 евра и раст на останатите плати за 100 евра како што бараше Сојузот...

Жителка на Русиново со брза дојава спаси поголем пожар. Веднаш доби понуда за работа

Жителка на Русиново го дигна селото на нозе против огнената стихија Синоќа точно на полноќ кај месноста Св. Марко, во близина на селото Русиново, избувна...