29.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаБектеши ја излажал цела Влада, министри бараат ревизија на одлуката за рудниците

Бектеши ја излажал цела Влада, министри бараат ревизија на одлуката за рудниците

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Министерот за економија Крешник Бектеши ја измамил Владата, премиерот Димитар Ковачевски и министрите дека Управен суд донел одлука за спојување на концесиите за ископ на бакар и злато на „Еуромакс ресоурцес“ во Струмичко. Како што објавува Истражувачка репортерска лабораторија (ИРЛ) во текстот „Министерот Крешник Бектеши ги измамил, дел од министрите бараат ревизија на одлуката за рудниците“, одлуката била донесена на седницата одржана на 27 јуни 2023, а објавена на 5 јули, на неа сите министри гласале за комбинирана концесија што ќе ја обедини ксплоатацијата на минерални суровини од две клучни локации.

<

Бектеши ја става оваа точка на владина седница откако Управниот суд, во третото одлучување за предметот во март година носи одлука во корист на „Еуромакс ресоурцес“. Претходно два пати тужбите на „Еуромакс ресоурцес“ беа отфрлени од судот како неосновани. Но, пресврт настанува во одлуките на судот откако фамилијата Дестани, блиска до ДУИ и лидерот Али Ахмети, купува удели во компанијата „Еуромакс ресоурцес“.

Како што велат министри во Владата, сѐ траело многу кратко и никој не се посомневал дека е можно Министерството за економија да презентирало лажни податоци.

 

Седницата ја водел премиерот Димитар Ковачевски, заедно со неговиот прв заменик, Артан Груби. Присутни биле скоро сите министри. Точката за спојување на концесиите за ископ на минерални суровини на „Еуромакс ресоурцес“ не била  на дневниот ред, доаѓа како дополнителен предлог од министерот за економија Крешник Бектеши. Никој од министрите не гласал против.

„Министрите не беа запознаени со суштината на предметот“, појаснува за ИРЛ министерката за животна средина Каја Шукова. Министрите во моментот располагале само со образложението кое го доставило Министерството за економија, во кое пишува дека Управниот суд наложил да се спојат концесиите.

И министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели дека не знаеле дека одлуката на Управниот суд не бара од владата спојување на концесии. Тој како и повеќето негови колеги немал причина да се сомнева во документ на министерството кој што го презентирал Бектеши и вели дека негов личен став е да нема рудник доколку локалното население тоа не го сака.

Министерката за одбрана Славјанка Петровска вели дека министрите за време на седницата немаат време да ги разгледаат сите материјали за точки кои се додадени на дневниот ред на самата седница.

„Во такви случаи се потпираме на образложението кое го добиваме од ресорното министерство. Сметам дека потребно е Владата да ја преиспита одлуката за спојување на концесиите на „Еуромакс ресоурцес“ на следната седница. Ако сме донеле погрешна одлука, тоа треба да се исправи“, вели министерката Петровска за ИРЛ.

Денес во Струмица се одржува протест против рудниците и се бара Владата да им ја одземе концесијата на „Еуромакс ресоурцес“.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Возач вработен во комунално, фатен како краде нафта.

Возач вработен во Јавното претпријатие за комунални дејности „Тополка“ од општина Чашка е лишен од слобода откако бил фатен на дело како краде нафта...

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...