10.9 C
Ohrid
сабота, август 23, 2025
ПочетнаМакедонијаСлужбеничка во МВР украла 600.000 денари

Службеничка во МВР украла 600.000 денари

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Одделот за внатрешна контрола на МВР подесе кривична пријава против вработена во Отсекот за управни работи во Штип, а задолжена за Виница затоа што е осомничена дека за лични документи им земала на луѓето пари во ќеш и заработиле 600. 000 денари.
Н.Л. во својство на службено лице кое врши работи од јавен интерес, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, во периодот од јануари – мај 2023 година, во повеќе наврати присвоила пари доверени во службата, така што барала од граѓаните – баратели на услуги за издавање на лични документи, да ѝ дадат пари на рака при поднесување на барање за издавање патна исправа и лична карта, под изговор дека можноста за плаќање на пос – терминалот со платежна картичка во моментот не е во функција. Притоа, таа го искористувала нивното непознавање на законските прописи во МВР, а доверените пари си ги присвојувала, стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 600.000 денари, на штета на буџетот на РСМ, информираат од МВР.

<

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе покрене постапка за утврдување на дисциплинска одговорност, а вработената ќе биде суспендирана од работното место до завршување на дисциплинската постапка.

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Средба на вицепремиерот Николоски и евроамбасадорот Рокас

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, денеска оствари средба со шефот на Делегацијата на ЕУ во државата, Н.Е. Михалис Рокас. ...

„Занаетчиството – стара вештина со нова моќ за економијата

Збор два за занаетчиството За раздвижување на локалната економија потребни се гранки кои ќе ја задоволат корисноста на граѓаните со што услугите ќе бидат достапни...

Две 16-годишни ученички од Кичево загинаа во тешка сообраќајна несреќа

Двете 16-годишни ученички, Ериона Рамадани и Албина Абази, од Школото за средно музичко образование „Дрита“ во Кичево, го загубија животот во сообраќајна несреќа со...

Во завршна фаза е поставувањето на нова водоводна линија на улицата „Кленоец во Охрид.

Во завршна фаза е поставувањето на нова водоводна линија на улицата „Кленоец“ во Охрид, после децениски проблем жителите ќе добијат поквалитетно водоснабдување. Наредната фаза...