15.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаГоце од прилепско: Барам сигурна работа, зошто ќе умреме за глад

Гоце од прилепско: Барам сигурна работа, зошто ќе умреме за глад

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Гоце Петрески живее тежок семеен живот во прилепско Маручиште. Има само 35 години и семејство на кое не може да му обезбеди убав живот. Можеби последните убави години во кои не пател за ништо се до смртта на неговите родители.
Со завршено основно одделение, тој со сопругата Џулиета и двете мали дечиња, поради сиромаштијата се предмет на потсмев во селото –вели тој. Живеат во многу стара куќа која до пред некоја година немала ниту приклучок за вода.

<

Денес, сеуште нема ниту бања, ниту купатило. Од четири, функционална му е само една соба. И, во неа нема се што му е потребно. Во таа соба се извршуваат сите дневни активности. Не може да најде стабилна работа, па чува стока за 800 денари дневница. И, тоа е сиот приход на ова семесјтво во месецот. Доволно само за храна. Поправки и дополнителни трошоци и вложувања не доаѓаат во предвид. Шест години Џулиета перела и на раце. До пред извесно време Гоце исплаќал позајмици и долгови на татка си.Живеам за децата и да им обезбедам убав живот но, не успевам.
работи сопругата, да најдам сигурна работа и јас, да ја направам куќата е се што сакам во овој живот се желбите на Гоце за овој живот кој се надева дека еден ден ќе ги оствари.

Гоце за своето детство ќе каже дека му било многу тешко. Сиромашни родители, сиромашен живот ќе пресликаат тешко да живе со своето семејство и денес во родната куќа. Додека имало стока и додека биле живи родителите можел и да изврши некоја поправка во куќата, а денес од четирити соби во неа, принуден е со сопругата и децата да живее во една мала соба, која ќе биде простор за сите дневни потреби на ова семејство.

Сиромашен како дете, сиромашен и сега. Тоа се речениците со кои можам да го опишам мојот живот. Од ништо и моите родители направиле нешто. Но, знаете кога немаш пари да одржуваш на крајот се пропаѓа. Моите се разболеа и немав друг избор освен да се оженам за да има кој барем мајка ми да ја гледа. Но, продолживме со сиромашниот живот. Дојдоа и децата на свет, моите родители починаа и сега останав сам да се борам за моето семејство. Ако не сум јас нешто приватно да поработам ќе умреме за глад-вели Гоце Петрески за својот живот.

Многу бевме сиромашни и кога бев девојка. Јас сум од Албанија . И имав соништа како млада. Но, дојдов на уште полошо. Таму не викаа парталки со сестра ми, по два три дена не сум имала леб во уста да ставам. А, денес никој не не гледа зашто сме сиромашни. Сите не одбргнуваат и омаловажуваат – вели Џулиета сопругата на Гоце.

Спас за ова семејство од калта во која моментално се наоѓа е вработување со сигурна плата и за Гоце и за сопругата. Но, за таа обврска децата мораат да одат во градинка која е предалеку од селото. А, желба за која и Гоце и Џулиета мечтаат, а сигурно и тригодишната ќерка е поубави услови за живот во куќата на која и треба комплетно реновирање бидејќи е уништена и собите без да се направат не може во нив да се живее. Можеби со реализација на сето ова ќе се намали и потсмевот од соселаните, кој освен што им фаќаат сеир за тешкиот живот, ништо друго не им помагаат.

-Да има каде да ги оставам децата во градинка одма би работела. Да има работа и сопругот одма по друго ќе биде. Вака живееме само од неговата дневница што чува стока кај еден човек. А, децата ми бараат сакаат и благо и мевце…. А, немам од каде да им најдам-додава сопругата на Гоце.

Доколку сакате да помогнете на семејството на Гоце тоа може да го направите на неговиот телефонски број 078547957 или на неговата трансакциска сметка 300027025292062

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...

Градоначалникот Пецаков и пратеникот Сашо Донев, на чествување на Св. Недела во село Плаќе.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, заедно со пратеникот Сашо Донев, секретарот на Општина Охрид Александар Китески и бројни верници, денес присуствуваа на одбележувањето на...