22.9 C
Ohrid
вторник, август 12, 2025
ПочетнаМакедонијаХеројски се борел против УЧК и ги спасил селаните во Лешок од...

Херојски се борел против УЧК и ги спасил селаните во Лешок од сигурна смрт.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

,,Не ве остава Ѓоко вас”,
се последните зборови на Ѓоко Лазаревски, најголемиот јунак во поновата Македонска историја.

<

На денешен ден 23 јули во 2001 година, Ѓоко Лазаревски имајки бремена сопруга, одлучно решава да го положи својот живот пред олтарот на Македонија. Одлучува никогаш да не го види своето дете.

Тој заедно со четворица свои соборци, како во времето комитско, во нерамна битка неколку дена го бранат селото Лешок и манастирот, кој по неговата јуначка смрт е запален од страна на терористите.

Кога веќе се стегнал обрачот, Ѓоко одлучил да остане сам, да повлече јуначки чекор и да оди до крај !

Неговата света цел била селаните на Лешок да имаат што повеќе време за евакуација. По неколку часовна жестока јуначка битка, Ѓоко е покосен со рафал од автоматска пушка, тука запира неговата епска борба за Македонија.

Оваа жртва не е ниту малку неразумен чекор, туку јасна херојска порака дека Македонија понекогаш се сака повеќе од себеси, во овој случај Македонија биле децата, жените, бабите и дедовците од селото Лешок.

Овој чин треба да остане смело извезен во Македонската историја, да не потсетува колку малку даваме за неа, да не потсетува колку сме мали во споредба со овој великан и сличните на него.

Македонија ја чекаат големи предизвици, жртвата и одлучните чекори ќе решат како ќе ги поминеме. Ѓоко Лазаревски со пушка и епска смелост, ние со ум и смелост, и како ќе даде Бог.

,,Бидете смели, нечесноста не ќе нè плаши. Спомнете си кој ви навредувал земја и нека срцата охрабрат Ваши”.

,,Сердарот”

Вечна слава

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Стопирана постапката за купување регистарски таблички во боја за функционерските возила

Министерството за внатрешни работи ја стопираше тендерската постапка за набавка на регистарски таблички за службени возила, поради жалбите што во моментов ги разгледува Државната...

Трајановски: Детектирани се црните точки на патиштата, работиме во координација со МВР за подобра безбедност

Директорот Трајановски истакна дека се детектираат црните точки на патиштата и се работи на подобрување на сообраќајната сигнализација за поголема безбедност Директорот на Државни патишта,...

Градоначалникот Пецаков оствари важна средба со амбасадорот на Шпанија за развој на Охрид и туристичка соработка

Остварив средба со амбасадорот на Кралството Шпанија Н.Е. Рафаел Сориано Ортиз. На работната средба разменивме мислења околу туристичката соработка меѓу двете земји, Македонија и Шпанија...

„Тетка Доста, една од најомилените во општина Дебрца, замина во заслужена пензија“

Денес во општина Дебрца се собравме по повод еден значаен и емоционален момент – испраќањето во заслужена пензија на нашата колешка,соработник,пријател– нашиот и мојот...