29.9 C
Ohrid
сабота, јуни 28, 2025
ПочетнаМакедонијаТелото пронајдено на Теферич е на маж исчезнат пред две години

Телото пронајдено на Теферич е на маж исчезнат пред две години

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Заврши обдукцијата на телото пронајдено кај месноста викана Теферич. Од Институтот за судска медицина за Слободен печат потврдија дека обдукцијата е готова, потврден е идентитетот на лицето. Неофицијално станува збор за лице кое е исчезнато пред две години.

<

Обдукцијата е завршена, се знае идентитетот на лицето. Извештајот ќе биде испратен до Основното јавно обвинителство. Од таму после може да ги добиете сите останати информации- вели Александар Станков, директор на Институтот. Според наши извори, неофицијално станува збор за машко лице кое е на листата на исчезнати на Министерството за внатрешни работи повеќе од две години.

Во МВР велат дека пред шест дена во полициската станица Кисела Вода било пријавено дека кај месноста викана Теферич во Скопје, од полициски службеници при МВР било пронајдено тело на починато машко лице.

Извори за Слободен печат велат дека телото го нашле четири малолетни лица кои тргнале накај Водно да пешачат. Но ја промашиле патеката и залутале по некој спореден недостапен пат.

Децата тргнале на прошетка, но се изгубиле и тргнале по погрешен пат. Стигнале до некаде и сфатиле дека неможат да се симнат. Едно од децата забележало ранец и црна кеса. Ранцот го отвориле и во него нашле скршен мобилен телефон, нож и јаже. Црната ќеса не ја отвориле, им било страв- вели нашиот извор. Децата се обиделе да се симнат но патеката била премногу стрмна. Нашиот извор вели дека се јавиле во полициска станица да им помогнат, и со инструкции успеале да се симнат до Кисела Вода.

Потоа пријавиле во полиција дека нашле мобилен и црна ќеса. Едно од децата со родител и полиција се качиле до местото и телото потоа било предадено на обдукција.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината.

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината. Нивната нова...

Стојанче Ангелов: Најдов двајца пилоти, од есен ќе започнат со обука

Директорот на Агенцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во емисијата „Трилинг“ реферираше дека сите три противпожарни авиони ер-трактори се во функција, со тоа...

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...

Стружани сами си го поправија дрвениот мост на реката Црн Дрим.

Чекаа реакција од градоначалникот, но залудно – па стружани решија работата да ја превземат во свои раце. Еден од дрвените мостови на шеталиштето покрај...