18.5 C
Ohrid
четврток, јули 31, 2025
ПочетнаМакедонијаМечка слободно шета во Долно Дупени, мештаните бараат помош

Мечка слободно шета во Долно Дупени, мештаните бараат помош

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Жителите на преспанското село Долно Дупени се во опасност од присуството на мечки кои веќе трет ден упаѓаат во селото и слободно се шета по селските сокаци.

<

„Три дена се бркам со мечката која се намерачила на мојот мед. Првата вечер успеав да ја избркам со камања. Втората пуштав гласно радио кај сандаците со мед но вчера вечер сепак успеа да ми искрши дваесетина сандаци“, вели еден жител на селото Долно Дупени.

Тие побарале помош и од полицијата, која вчера вечер во обид да ја избркаат вклучиле ротациски светла, но таа не покажала дека е исплашена. Полицијата ги предупредила жителите на Долно Дупени да бидат внимателни и да се движат само на места во кои има поголема фрекфенција на луѓе во селото.

Според законските одредби ловот на мечки е трајно забранет, а мечките се заштитени со закон, па штетата што ќе ја причини дивечот ја надоместува Република Северна Македонија. Според судската база на податоци Битола е рекордер по бројот на тужби и донесени одлуки со кои државата треба да плати отштета за штетите што ги прават мечките, затоа што се се дивеч заштитен со закон.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Предлогот на ССМ не е прифатен, работодавачите не биле подготвени да разговараат за минимална плата

Нема изгледи за зголемување на минималната плата во земјава на 500 евра и раст на останатите плати за 100 евра како што бараше Сојузот...

Жителка на Русиново со брза дојава спаси поголем пожар. Веднаш доби понуда за работа

Жителка на Русиново го дигна селото на нозе против огнената стихија Синоќа точно на полноќ кај месноста Св. Марко, во близина на селото Русиново, избувна...

Николоски: Доаѓаат инвеститори од ОАЕ, сопственикот на Бурџ Калифа и Дубаи Мол ги виде Скопје, Попова Шапка и Охрид

-Првпат ја отворивме Македонија натака, доаѓаат инвеститори тука, излезе и по социјаните мрежи, сопственикот на Бурџ Калифа и на Дубаи Мол веќе ги...

Трагичен крај на потрагата: Пронајдено телото на 16-годишното девојче во реката Вардар

По шест дена интензивна потрага, денеска околу пладне во водите на реката Вардар е пронајдено телото на 16-годишната девојка која исчезна на 24 јули,...