14.3 C
Ohrid
понеделник, септември 15, 2025
HomeМакедонијаМинистрите и владините функционери на ДУИ поднесоа оставки до Ковачевски, ќе важат...

Министрите и владините функционери на ДУИ поднесоа оставки до Ковачевски, ќе важат ако опозицијата гласа за уставни измени

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Министрите на ДУИ потпишале оставки и ги испратиле до премиерот Димитар Ковачевски. Во писмото кое стигнало на адреса на Влада е наведено дека оставките стануваат ефективни веднаш откако опозицијата ќе гласа за менување на Уставот, потврди за Сител министерот за надворешни работи и потпретседател на ДУИ, Бујар Османи.

<

,,Ние, министрите и владините функционери од редовите на Демократската унија за интеграција, поднесуваме оставки од функциите што во моментов ги извршуваме! Оставките, г. Премиере, автоматски се ефективни во моментот кога опозицијата ќе ги изгласа уставните измени“, се вели во дел од писмото кое го испратиле министрите на ДУИ до премиерот Димитар Ковачевски.

Ова е само дел од писмото кое лидерот на интегративците Али Ахмети го прочитал на настан со дијаспората во Тетово.

Власта очекува дека до седницата закажана за 18-ти август сите пратеници ќе дадат поддршка за уставните измени и покрај цврстиот став на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да се согласат на уставни измени под бугарски диктат.

Засега е јасно дека мнозинството нема обезбедено 80 пратеници, за да биде изгласана потребата за отворање на Уставот за вметнување на бугарската и уште пет други заедници. И Османи потврди дека во моментов недостасуваат уште осум пратеници за гласањето, но според него добро било што во Собранието почнала дебатата за уставните измени.

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

„Влен”: Украдениот имот ќе им се врати на граѓаните

„Со одлуката на Владата, еден од лидерите на Вреди, вицепремиерот Арбен Фетаи, е назначен на чело на Националниот совет за финансиски истраги и конфискација...

Во Албанија е регистрирано ново здружение „ВМРО-ДПМНЕ -Албанија“

ВМРО-ДПМНЕ- Албанија“ е ново здружение на Македонците, откако и официјално е регистрирано во судскиот регистар во Тирана. Ова не е само формалност – ова е...

Херојството на Стојанче Ангелов

Може да мислите што сакате за Стојанче Ангелов, но, ова се неколку факти кои никој не може да ги оспори, напиша Златев на неговиот...

Министерство за здравство: Ќе се поделат 2.000 заштитни маски на жителите во Трубарево

Министерството за здравство, во координација со Институтот за јавно здравје, обезбеди 2.000 заштитни маски N95 кои вечерва ќе бидат дистрибуирани до жителите на скопското...