8.8 C
Ohrid
сабота, мај 17, 2025
ПочетнаМакедонијаКолку вреди животот на македонскиот работник?

Колку вреди животот на македонскиот работник?

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Двајца градежни работици ги загубија животите откако врз нив паднал потпорен ѕид кој го граделе во тетовското село Шипковица. Еден работник загина во скопска Железара, друг работник загина на градилишта во Чаир. Еден градежник загина откако падна од скеле во центарот на Скопје, а загинаа и двајца трактористи – еден од Куманово и еден од Радовиш.

<

И сето ова е само еден мал дел од забелешките за несреќи на работно место што ги подвлековме во билтените на Министерството за внатрешни работи (МВР) за период од три месеци, а како што покажуваат податоците на Македонското здружение за заштита при работа, пак, македонскиот работник има двојно поголеми шанси да загине на своето работно место отколку градежниот работник во некоја од земјите на ЕУ.

Според годишниот извештај на МЗЗПР, во 2022 година биле нотирани 22 смртни случаи и дури 147 повреди при несреќи на работно место на територија на Македонија, а како што е наведено таму, во земјава во просек годишно гинат над тројца работници на 100.000 вработени, додека, пак, во земјите од ЕУ гинат околу двајца работници на 100.000 вработени. Во поразвиените европски земји дури има по помалку од еден смртен случај на 100.000 вработени.

Експертите посочуваат дека токму законските измени во Законот за работни односи што беа донесени за автопатите што ќе ги гради „Бехтел и Енка“ само дополнително ќе ја влошат состојбата.

Оти, најопасна професија, според сите параметри, е градежништвото. Само во првата половина од годинава Трудовиот инспекторат веќе регистрирал 11 смртни случаи на работно место, скоро колку целата година лани, а седум од загинатите биле градежни работници.

Сепак, опасноста ги демне и работниците од другите сектори.

Денар разговараше со електричар од скопската населба Аеродром, кој пред неколку години паднал од електричен столб висок 7 метри.

-Не знам точно што се случи, ама знам дека паднав од 7 метри висина. Ми се лизнаа нозете и паднав заедно со скалата. Додека паѓав, ги ставив рацете на градите и почнав да му се молам на Господ. Падот бил многу краток, а мене ми се чинеше како цела вечност. За среќа паднав на грб врз тревник. Да паднев врз асфалт сега немаше да бидам жив. Сепак, доживеав тешки повреди и скршеници, па морав порано да се пензионирам и сега добивам инвалидска пензија – раскажува Никола Љубеновиќ од Аеродром.

Б.З.М. Денар Мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од Скопје до Солун ќе се стига за 1 час и 30 минути.

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски потенцира дека Договорот за стратешко партнерство значи дека нашите односи се на највисоко можно ниво, што ќе...

Тошковски: Ги јакнеме капацитетите за одржлив систем за управување со кризи

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, заедно со амбасадорот на Република Австрија, г. Мартин Памер, денеска во рамки на работна посета на Охрид, присуствуваа...

69-годишен маж од Свети Николе со воздушна пушка пукал во деца кои береле цреши од неговиот двор

На 16.05.2025 во 14.00 часот во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишиле од слобода В.И.(69) од Свети Николе. Тој претходно од...

Жена возач сруши семафор кај Сити Мол.

На булеварот Партизански одреди пред трговскиот центар Сити мол во Скопје попладнето се случи една невообичаена сообраќајна незгода. Автомобил марка „рено“ со скопски регистарски...