8.9 C
Ohrid
среда, ноември 13, 2024
ПочетнаМакедонијаМерко двапати назначил директорка на училиште која немала завршено високо образование: Антикорупциска...

Мерко двапати назначил директорка на училиште која немала завршено високо образование: Антикорупциска ќе му поднесе кривична

Антикорупциска се сомнева дека градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко незаконски назначил в.д директорка на основно училиште во Струга.
Државната комисија за борба против корупцијата и судир на интереси (ДКДСК) ќе достави иницијатива до Основното јавно обвинителство (ОЈО) Струга за кривично гонење на градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко за злоупотреба на службената положба и овластување.

Оттаму се сомневаат дека Мерко на незаконски начин на два пати назначил в.д. директорка на основно училиште во Струга која немала завршено високо образование ниту го имала потребното работно искуство.

Комисијата предложи и кривично да се гонат и в.д. директорката како и уште неколку други вработени кои и помогнале да фалсификува документи кои и биле потребни за изборот на функцијата директор.

„Градоначалникот на Струга спротивно на законот на два пати ја назначил за в.д. директорка наставничката по англиски јазик иако таа не ги исполнувала условите за тоа. Пријавената в.д. директорка предавала предмети за кои не била стручна и за кои е потребно високо образование. Имала четири години и осум месеци работно искуство што не е доволно за да биде назначена за директор.

Дополнително во тоа време таа немала уверение за положен испит за директор,а училишниот одбор не донел одлука за распишување на јавен повик. Сето тоа го направила со фалсификувани службени исправи. Во исто време директорката сама на себе со анекс договор си го зголемила фондот на часови што е спротивно на законот. Во тоа и помагале поранешни директори. Со тоа тие ја злоупотребиле службената положба и фалсификувале слижбени исправи“, рече членот на ДКСК, Шемси Салаи кој работеше на овој случај.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Принцот Вилијам по третпат е прогласен за најсекси ќелав маж во светот,

Принцот Вилијам две години по ред е прогласен за најсекси ќелав маж на светот. Новото истражување на маркетиншката агенција „Рибут“ го стави принцот од...

Дете на 16 години ја возело колата што вчера направи сообраќајка кај Бистрица, објави СВР Битола

Полицијата соопшти - На 12.11.2024 во 08.40 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Битола-с.Бистрица се случила сообраќајна несреќа...

Таткото на Вања бараше да му пишеме на Илон Маск за да ја најде со сателит, сведочеше тетката на Вања

Во Основен кривичен суд Скопје, во врска со убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски денеска сведочеше тетката на Вања. Таа зборуваше за потрагата...

18-годишник загина во сообраќајна несреќа во Охрид, 16-годишник со тешки повреди

На 13.11.2024 во 01.15 часот, на регионалниот пат Охрид – Св. Наум, во близина на охридската населба „Елешец“, патнички автомобил „пежо“ со охридски регистарски...