Ноќеска, околу 40 минути по полноќ, во СВР Скопје, од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен Х.Л. од Украина.
<
Според пријавеното, тој во Градски парк во Скопје бил физички нападнат од неколку лица, кои му одзеле паричник со лични документи, пари и мобилен телефон.