13 C
Ohrid
петок, октомври 18, 2024
ПочетнаМакедонијаОхриѓанка тужи маркет зашто ѝ продал паштета со изминат рок додека била...

Охриѓанка тужи маркет зашто ѝ продал паштета со изминат рок додека била бремена

Дваесет и тригодишна жена од Охрид тужи маркет за продажба на храна зашто претрпела болка и страв откако конзумирала паштета со истечен рок која ја купила во маркетот додека била бремена во 35-тата недела. Во март минатата година, жената била на пазарење во маркетот заедно со сопругот при што купила паштета која подоцна ја изела. По одредено време почувствувала симптоми на гадење и нагон на повраќање, па откако ја побарала обвивката од паштетата забележала дека таа била со поминат рок.
Наредниот ден сопругот на жената го пријавил случајот во Агенцијата за храна која извршила вонреден инспекциски надзор во маркетот и со решение му било наложено да ги поништи производите, добил парична казна и констатирано било дека постапил по решението и ги уништил паштетите.

Бремената охриѓанка пак, поради конзумирањето на паштетата со истечен рок, морала да оди во амбуланта и во Охридската болница од страв да не му се случи нешто на плодот и затоа што ѝ било лошо – имала болки во стомакот и гадење, грчеви, па морала да прими инфузија и терапија против гадење додека била во блажена состојба. Инаку, голем дел од терапиите кои што се даваат за третирање на состојби на иритација после конзумирање на храна за бремените жени се недостапни и не смее да ги примаат. Десет дена по конзумирањето на паштетата со поминат рок, жената предвремено се породила, еден месец порано од терминот во кој се очекувало да биде породувањето.

Жената барала 4.000 евра надомест за нематеријална штета за болката и стравот, но првостепениот суд ѝ го одбил побарувањето па предметот заврши на Апелација во Битола. Апелацискиот суд во Битола утврди дека првостепениот суд погрешно го применил материјалното право зашто во конкретниот случај девојката не бара пари за предвременото породување, туку за болката и стравот кои ги трпела поради конзумацијата на паштетата со изминат рок.

„Нејасен и неразбирлив е заклучокот на првостепениот суд за непостоење вина од страна на маркетот, во ситуација кога со супервештачење е утврдено дека тужителката после јадење на паштетата со поминат рок трпела болка со грчеви во стомакот проследено со гадење, а исто така после конзумирањето на паштетата со поминат рок кај неа се појавил страв односно загриженост, секундарен страв од причина што била во 35-тата недела од бременоста“, пишува во пресудата на Апелација со која предметот се враќа на повторно судење.

Всушност, првостепениот суд го ослободил маркетот од плаќање отштета, затоа што јадењето на паштетата со поминат рок не придонело за предвременото породување на младата мајка, но судот не ценел дали има причинско-последична врска меѓу конзумирањето на паштетата и физичките болки, стравот и душевните болки кои ги претрпела како резултат на тоа конзумирање.
Sloboden Pecat

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полициска акција за дрога во Тетово и Охрид: Уапсени 13 лица, едно е во бегство!

Претреси на 17 локации во Тетово и Охрид, уапсени се 13 лица, а едно лице е во бегство – ова е исходот од денешната...

Во Велес утре Ден на жалост поради тројцата велешани кои настрадаа во сообраќајка

Како што информират од Општина Велес, на Денот на жалост, знамињата во Општина Велес ќе бидат истакнати на половина копје, сите културни и спортски...

Боки 13 на игра ќе доделува 7 автомобили и стан во Скопје.

Боки 13 лицето кое до неодамна беше во затвор а ослободен поради влошената здравствена состојба, го организара најголемиот Giveaway во Македонија... Македонијо започнува најголемиот GIVEAWAY...

Русковска: Не сум го читала светото писмо, затоа што не сум верник !!!

Ни помалку ни повеќе не сум горда за предметот за 27 април од другите предмети, тврди разрешената шефица на ОЈО ГОКК, Вилма Русковска во...