23.9 C
Ohrid
сабота, јули 5, 2025
ПочетнаМакедонијаПо 12-ти февруари, сите лични документи со Република Македонија, нема да важат

По 12-ти февруари, сите лични документи со Република Македонија, нема да важат

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Сите валидни лични документи на кои стои старото име „Република Македонија“ нема да важат по рокот до 12 февруари 2024 година, според Преспанскиот договор, велат од МВР. Прашање е дали ќе настане хаос со оглед на краткиот период од шест месеци во кој граѓаните ќе мора да ги променат пасошите, личните карти и возачките дозволи.
На 13 февруари 2024 година нема да можете да преминете надвор од државните граници со валиден пасош на кој стои старото име „Република Македонија“, односно, од тој датум, станува невалиден. Исто така, ако ве запре полиција со возило ќе ви напише казна ако вашата возачката дозвола не е со името „Република Северна Македонија.“ Неважечки ќе бидат и личните карти. Ниту една институција нема да ги прифаќа како важечки документ.

<

Издадените лични карти, пасоши и возачки дозволи кои се со важечки датум, но го содржат името „Република Македонија“ ќе важат најдоцна до 12 февруари 2024 година, потврдуваат од Министерството за внатрешни работи..

Старите документи после 12.02.2024 година нема да имаат важност, без разлика кога истекуваат. Со стара патна исправа нема да може да се преминува граница, ниту пак ќе биде прифатена како документ во институциите и со стара возачка дозвола нема да може да се управува моторно возило“, велат од МВР.

Кусото време за замена на пасошите и другите лични документи веќе создава долга листа за чекање. Ако се обидете да закажете термин телефонски, резервација ќе добиете за околу еден месец. Закажувањето преку интернет не успева лесно, па опцијата е да се јавите телефонски. Побрзо термин се добива само по итна постапка, за неколку дена, ама се плаќа три пати поскапо.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Трагедија во Охрид: Средовечен маж пронајден мртов во езерото кај плажата Извиднички

Тешка несреќа денеска попладне кај плажата Извиднички во Охрид. Средовечен маж бил извлечен од водите на Охридското Езеро без знаци на живот. Иако присутните...

Лишен од слобода “бајач” од скопско кој измамил брачен пар од Берово, за 400.000 евра

Лишен од слобода "бајач" од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра На 03.07.2025 година Б.Д. (76) од Берово во СВР ШТИП...

Претседателката е шокирана дека 40 отсто од администрацијата ништо не работи

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека e „шокирана од изјавата на министерот Горан Минчев“ дека 40 отсто од вработените во администрацијата или ништо...

Мицкоски: Размислуваме за воведување нов данок за немажени и неженети

Премиерот Христијан Мицкоски утрово се обрати на дебатата „Демографски трендови, предизвици и можни решенија“, што се одржа во Владата, при што нагласи дека Македонија...