26.9 C
Ohrid
четврток, август 7, 2025
ПочетнаМакедонијаМлад Македонец доживеа тешка повреда на одмор во Грција: Неговата состојба е...

Млад Македонец доживеа тешка повреда на одмор во Грција: Неговата состојба е критична- потребни се 200.000 евра

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Хуманитарната организација „Свети Спас“, општина Аеродром како и другарите и блиските на осумнаесетгодишниот Леонид упатија апел за помош до јавноста, откако тој на пред околу две недели доживеал тешка несреќа на летување во Калитеа, Грција и сега е на интензивно лекување во болницата во Солун.

<

Има повреда на третиот, четвртиот и петтиот пршлен, поради што дише на апарати и не може да ги движи своите екстремитети. Храбро помина неколку хируршки зафати, но понатамошните медицински третмани и рехабилитација освен што од него ќе бараат многу сила, чинат и голема сума на финасиски средства.
Драги добри луѓе, за оваа борба за животот на Леонид, потребни се 200.000 евра. Се наоѓаме во посебно чувствителен момент. Миг во кој нашето обединување, нашата молитва и поддршка е потребна повеќе од било кога досега. Со срце исполнето со надеж и верба, го пренесуваме до вас овој апел за донирање, кој за младиот Леонид може да значи шанса за живот.

Лео е талентиран млад човек, со неверојатни спортски и интелектуални способности. Со својот тим, тој го освои првото место на меѓународниот натпревар NASA Space Apps Challenge. Тој е момче со само 18 години и срце полно со ентузијазам и желба за знаење. Неговите компјутерски вештини и научни истражувања се вистинска инспирација за сите негови врсници. За жал, во моментот тој е соочен со најголемата животна битка. По несреќниот случај што му се случи пред неполн месец додека беше на летување во Калитеа, сега се наоѓа на одделот за интензивна нега во болница во Солун. Неговата состојба е критична. Има повреда на третиот, четвртиот и петтиот пршлен, поради што дише на апарати и не може да ги движи своите екстремитети. Храбро помина неколку хируршки зафати, но понатамошните медицински третмани и рехабилитација освен што од него ќе бараат многу сила, чинат и голема сума на финасиски средства. Драги добри луѓе, за оваа борба за животот на Леонид, потребни се 200.000 евра. Секоја мала или голема донација значи. Ова е борба за неговото оздравување, како и за враќање на можноста да го следи својот пат, своите мечти и амбиции. Лео секогаш со гордост кажуваше дека е од неговата Македонија. Време е сите ние да ја оправдаме онаа големина која тој знаеше дека ја носиме во себе. “Свети Спас”, како организација која секогаш ја предводи битката за хуманост и шанса за подобар живот и овој пат ќе направи се што е во рамки на своите можности за оваа борба да има позитивен исход.

Апелираме и до вас, до сите кои можете и сакате да бидете дел од битката на Лео. Отворете ги срцата и и придружете се на оваа хуманитарна акција.

Донациите може да се направат со повик на телефонските броеви (100 денари од повик):

А1: 143 500

Телеком: 143 118

Или преку сметка:

Од Македонија: 210-7000006805-91 НЛБ БАНКА

Од странство: IBAN: MK07210501567799991

SWIFT: TUTNMK22

NLB BANKA AD SKOPJE

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Погребан Душко Чифлиганец – илјадници луѓе дојдоа да го испратат (ВИДЕО)

Илјадници граѓани, од Скопје, неговото родно Радовиш и Раклиш, од Македонија и од други континети, со тага и болка се простија од младиот визионер,...

Авион на WizzAir удрил во јато птици при полетување од Скопје.

Авион на нискобуџетната авиокомпанија „Wizz Air“, кој вчера полетал од скопскиот аеродром кон Базел, бил принуден итно да се врати и слета на Меѓународниот...

Струшката полиција во угостителски објект во с.Велешта, пронајде 6 девојки од Албанија.

На 07.08.2025 во угостителски објект во струшкото село Велешта, полициски службеници од СВР Охрид, ОВР Струга, полициското одделение во селото Велешта и од Регионален...

Раде Штекли имал халуцинации, му се причинило дека го следи Албанската мафија??!

На денешното рочиште за случајот „Штекли“, поврзан со организирана продажба на дрога во скопската населба Аеродром, четворица обвинети – Данчо Масев, Димитар Трајков, Владимир...