20.2 C
Ohrid
четврток, јули 3, 2025
ПочетнаМакедонијаГрадоначалниците на Тетово и Чаир се уште не ги платиле казните од...

Градоначалниците на Тетово и Чаир се уште не ги платиле казните од МВР !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Градоначалниците на Чаир и Тетово ги добиле прекршочните платни налози, но нема информации колку глоба треба да платат за неистакнување на македонското знаме при посетата на косовскиот премиер. Висар Ганиу ја примил и потпишал казната, а за Сител вели дека не знае колку треба да плати, бидејќи судот ја одредувал висината на паричната казна.

<

„Судот ќе одреди колку ќе биде казната. Не знам колкава ќе биде“, вели Ганиу за Сител

Од судот за прекршоци во Скопје пак велат дека засега немаат предмет со парична казна која треба да ја плати градоначалникот на Чаир. Појаснуваат дека судот ќе постапи само ако во рок од осум дена, не биде платен прекршочниот налог издаден од МВР.

Според информации на Сител, и градоначалникот на Тетово ја добил паричната казна, ама одбил да ја потпише. Касами не одговори дали ќе го плати налогот за прекршок од законот за употреба на македонското знаме. Неговото име го нема ниту во прекршочниот оддел на тетовскот суд.

„По извршените проверки од страна на Архива на прекршочен оддел при Основен суд Тетово, нема поднесена прекршочна пријава против градоначалникот на општина Тетово, Билал Касами, за неистакнување на македонското знаме при посетата на премиерот на Република Косово“, велат од Основен суд – Тетово.

Во меѓувреме од МВР велат дека се трага по лицето кое го вееше знамето на Голема Албанија. Не исклучуваат дека може да е и странски државјанин, а за да биде казнет, да се бара и негова екстрадиција.

Ганиу и Касами како домаќини на косовскиот премиер заработија прекршочни пријави бидејќи ниту во Чаир, ниту во Тетово не беше истакнато македонското знаме, за што се предвидени парични казни од 20 до 50 илјади денари.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм.

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм, а со тоа ќе означат едно ново време,...

И оваа година, хуманитарна трка со гумени Патки во Струга !!

Струга повторно плива во хуманост: Трка со пластични патки на 1 август оваа година, на 1-ви август, Струга ќе биде домаќин на хуманитарната...

Минчев: 40 проценти од Административците или ништо не работат или бараат начин да не дојдат на работа

40 проценти од административците или ништо не работат или бараат начин како да не дојдат на работа, открива министерот за јавна администрација Горан Минчев,...

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ во Охрид.

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ На 3 јули (по нов стил), македонскиот народ го празнува летниот празник на Свети Наум Охридски,...