25.9 C
Ohrid
сабота, јули 12, 2025
ПочетнаМакедонијаСпасовски: Прибираме информации за лицето што го вееше знамето во Тетово, ако...

Спасовски: Прибираме информации за лицето што го вееше знамето во Тетово, ако е странец ќе распишеме меѓународна потерница

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски е оптимист дека ќе се открие идентитетот на лицето што го вееше знамето на „голема Албанија“ на плоштадот во Тетово при посетата на косовскиот премиер Албин Курти.

<

Одговарајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција по промоција на кошаркарско игралиште во Полицискиот центар „Ѓорче Петров”, Спасовски повтори дека лицето што го вееше знамето на собирот не е вработено во Министерството за внатрешни работи, но дека неговиот идентитет е сè уште непознат.

„Имаме информации кои веќе ги прибираат колегите и од СВР Тетово и на ниво на Министерството. Јас мислам дека ќе се утврди идентитетот на ова лице. Класификацијата секако е кривично дело, согласно препораките што ги даде јавниот обвинител и на основа на тоа ќе се преземат соодветни мерки“, рече министерот.

Спасовски додаде дека на собирот во Тетово имало и лица кои не се државјани на Северна Македонија, а доколку се утврди дека се работи за странски државјанин тогаш, како што рече, ќе се распише меѓународна потерница и ќе се активираат сите механизми за расчистување на овој случај.

МВР на 18 август објави фотографија од човекот што го веел знамето со „голема Албанија“ на плоштадот во Тетово при посетата на косовскиот премиер Албин Курти и ги повика граѓаните ако некој го забележи или има информации за него веднаш да извести во најблиската полициска станица.

Посетата на косовскиот премиер Албин Курти на земјава се случи на 11 август.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

МВР одобри 24-часовна полициска заштита за Данела Арсовска

МВР ѝ одреди 24-часовна заштита на Данела Арсовска по серија закани и инциденти. Министерството објави детали за сите случаи и апелира за институционална соработка. Одлука...

Градоначалникот Пецаков: „Заливот на коските” – пример како се гради туристичка приказна

Денеска во употреба се пушти целосно санираниот Музеј на вода - "Заливот на коските". Овој музеј е значајна алка во туристичката понуда на градот и...

ВМРО-ДПМНЕ: Само СДС и бугарските политичари се во одбрана на Данела

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека некогаш големата СДСМ се сведела заедно со Бугарија да бидат гумата за спасување на кариерата на Данела Арсовска. „И СДС во...

Општина Аеродром им најде работа на пензионерите- Треба да се грижат за хигиената и зеленилото во општината.

Општина Аеродром им најде работа на пензионерите. Планира да ги ангажира да ги одржуваат зеленилото и хигиената во Општината. Оние пензионери што седат дома и...