17.8 C
Ohrid
среда, септември 17, 2025
ПочетнаМакедонијаЛевица: Зошто македонските власти не го бараат назад своето културно наследство од...

Левица: Зошто македонските власти не го бараат назад своето културно наследство од Бугарија?

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Зошто македонските власти не го бараат назад своето културно наследство, прашува секторот за култура на политичката партија Левица.

<

-Веста што деновиве беше пласирана од страна на Министерството за култура по повод изложбата со ексклузивните наоди од некрополата Требенеште т.е. златните маски, која заедно со другите две маски ќе биде поставена во Бугарската академија на науките во Софија, повторно го отвори прашањето – дали Македонија го бара назад своето ограбено културно наследство?

Одоговорот на ова прашање секако е НЕ!

Министерството за култура, наместо да започне процес за реституција на овие предмети, продолжува со меѓународната соработка во културата со Бугарија, со реализација на заедничка изложба со која се одбележува сто годишнината од откривањето на единствената некропола во Требениште, односно сто години од „охридската кражба“, и изложување на златните маски, па би било добро конечно да се покрене прашањето за нивно враќање во земјата од каде потекнуваат.

Дали Македонија може да врати нешто од своето ограбено културно богатство?

Разнебитувањето на културното и историско наследство на земјата трае со децении. Златните маски од Требениште, заедно со голем број на ракописи, икони, археолошки предмети и други скапоцени предмети со историска и културна вредност се едни од многуте украдени артефакти расфрлани низ музеите во регионот и во светот.

Постојат цели студии, монографии, научни истражувања за Требеништа, како и историски показатели дека тоа ни припаѓа нам и дека потекнува од Македонија, па според сите меѓународни конвенции, Македонија има легитимно право да ги бара назад.

Во овој историски контекст на актуелните негирања на македонската нација, шовинистичката политика кон Македонија и насилно приграбување на нашата историја од страна Бугарија, апсурден е потегот на Министерството за култура за било каква соработка со Бугарија на ниво на култура, археологија и историја.

Сѐ додека нашето културно наследство и историско богатство е изложено во музеите на соседните зејми и не биде вратено во Македонија, останува да се радуваме на копиите и на случајните фотографии од нашите украдени артефакти.

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во Струга пријавени девет кандидати за Градоначалник, во Охрид четири

Најголем интерес, од општините во Југозападниот регион, е забележан во Струга каде до општинската изборна комисија се поднесени 9 кандидатури за градоначалник и 10...

Пејачката Наташа Малинкова е кандидат за советничка во Општина Кавадарци

Поп-рок пејачката Наташа Малинкова (42) е кандидат за советничка на Совет на Општина Кавадарци на претстојните локални избори. Нејзиното име се најде на листата...

Скопјанец во фолија во двор одгледувал канабис

На 16.09.2025 околу 12:30 часот во с.Ајватовци, скопско, полициски службеници Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода Д.С.(47) од с.Ајватовци...

Дамките од крв сведочат за велешката трагедија: Да не добиел условна казна ова денес немаше да се случи !!!

Дамките од крв пред семејната куќа на 31-годишната Росица Коцева и нејзиниот 74-годишен татко Киро Коцев во Велес сведочат за хоророт што се случи...