19.2 C
Ohrid
недела, јуни 29, 2025
ПочетнаМакедонијаВработена на Онкологија пред 6 месеци фатена во кражба на цитостатици- Вредноста...

Вработена на Онкологија пред 6 месеци фатена во кражба на цитостатици- Вредноста на АМПУЛИТЕ била до 80.000 евра !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Вработена на Клиниката за онкологија пред 6 месеци била фатена во кражба на цитостатици од Клиниката, кои биле вредни илјадници евра, објавила тогаш новинарката на „Слободен печат“ Мирослава Симоновска која тогаш цитирала свои доброупатени извори.

<

Министерството за внатрешни работи во својот билтен тогаш информирало дека вработената која работелара во Клиничкиот Центар во Скопје, била фатена додека во нејзиното возило „Рено Клио“ пронашло ампули со цитостатици.
МВР во својот билтен не информирало дека се работи за скапи лекови за најризичните групи пациенти болни од канцер, кои со месеци преходно се жалеле на нивен недостаток.

Со оглед на бројот на ампули вредноста на украдените лекови кај сестрата со иницијали А.О. се движела од 40 до 80 илјади евра.

Од МВР тогаш најавиле дека за конкретниот случај ќе има и судска постапка за кривично дело „послужување“, но досега пошироката јавност не е информирана што се случило со овој предмет кое требало да го сработи Јавното обвинителство.

Непознато е во колкав временски период вработената ги крадела ампулите, најверојатно за препродавање а не се знае ни како овие лекови биле надокнадувани кај пациентите.

„Слободен печат“ тогаш открива дека во кај медицинската сестра кој работела во дневната болница на Клиниката за онкологија, со 10-годишен работен стаж, пронајдени биле 20-тина ампули од различни видови цитостатици. Кражбата била регистрирана претходниот ден на камерите во болницата. По распитот сестра се вратила дома и се предозирала со поголемо количество апчиња и била згрижена на Клиниката за токсикологија, од каде подоцна е пуштена во добра здравствена состојба.

Клиниката за онкологија неколку месеци пред настанот со кражбата на лекови се соочуваше со претставки до народниот правобранител, од пациентки со канцер на дојка, кои што се жалеа дека не им е обезбедено правото на здравствена заштита, односно секој месец наместо да ги добиваат ампулите, тие ги добивале со доцнење, кое за нив може да биде животозагрозувачко. Станувало збор за ампулите Херцептин, кои треба да се примаат на секој 21 ден, а пациентките биле доведувани во ситуација да ги прескокнуваат, пишува порталот.

Според извори во МВР медицинската сестра била гонета за кривично дело ,,Послужување” под притисок на нејзин близок роднина, член на една владеачка партија.

За делото послужување според Кривичниот законик следува поблага казна од 3 месеци до 5 години но јавноста никогаш не дозна што се случило со сестрата и дали таа е осудена брзо со оглед на чистите докази и видео надзор на кражбата што ги поседува ЈО.

Екс министерот за здравство Беким Сали во една прилика откри дека Клиниката за онкологија е во финансиска дупка од 13 милиони евра.

МВР и Јавното обвинителство никогаш не објавија дали по случајот со фатената сестра се води истрага за кражбата на лекови и кој друг е инволвиран во криминалот затоа што е јасно дека медицинската сестра не можела сама да украде толкав број на скапи лекови.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро, во близина на градската плажа. Телото го забележале двајца граѓани кои...

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината.

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината. Нивната нова...

Стојанче Ангелов: Најдов двајца пилоти, од есен ќе започнат со обука

Директорот на Агенцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во емисијата „Трилинг“ реферираше дека сите три противпожарни авиони ер-трактори се во функција, со тоа...

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...