16.9 C
Ohrid
петок, јули 4, 2025
ПочетнаМакедонијаПациент кој боледува од рак со солзи во очите пред Онкологија: „Греота...

Пациент кој боледува од рак со солзи во очите пред Онкологија: „Греота е ова што го прават на народот“

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Велешанецот Ване, кој првично имал дијагноза рак на дебело црево кој се проширил и на белите дробови и црниот дроб, пред камерите на „Канал 5 ТВ“ раскажа што чувствува откако дознал дека полицијата влезе на Онкологија и собира документи за да може да се потврдат сомнежите и наводите дека дел од лековите за болните се краделе и се препродавале на црно.
Верувам дека знаат, тоа е гребење, по коските, по нервите, не го доживеале, греота е ова што го прават на народот“, раскажал Ване со солзи во очите.

<

Тој, иако има само пофални зборови за неговата докторка онколог, вели дека одамна е загубена довербата во здравството.

Со Ване денеска пред Онкологија имаше редица пациенти и нивни блиски, кои велат дека ако се даваат раствори наместо лек, зошто да чекаат со часови и да молат за лек.

Помладите пак, велат дека не знаат што да очекуваат кога не се сигурни дали се тие терапии оние кои ги примале.

Во меѓувреме, реагираат и лекарите. Првиот човек на Клинички центар вели дека сомнежите се срам за белиот мантил и побара да не се ставаат сите „во ист кош“, бидејќи ако има дело, има и конкретни сторители.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата го уапси 25 годишниот мотоциклист, кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на франкофонијата. Откако го прегази...

Адвокат од Косово, со 4 магариња се појави пред собранието

Пред седницата на косовското собрание кое неуспеа и по 41-ви обид да се конституира, адвокатот Арианит Кочи излезе повторно на протест. Овој пат, Кочи...

Стојанче Ангелов предвидува лето со многу пожари

Сезоната на пожари во земјава почна порано и дневно се регистрираат по триесеттина пожари, а денеска активни се четири пожари на територијата на општините...

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум. Искршени споменици, уништени крстови и нова доза на тага во селото Подгорци,...