29.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаИгор Јанушев осуден на две години условна казна за набавка на кинеските...

Игор Јанушев осуден на две години условна казна за набавка на кинеските автобуси

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Пратеникот Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ, денеска беше осуден на двегодишна условна казна затвор за „злоупотреба на службената положба и овластување“ во предметот „Дизајн“ кој се однесува на набавката на кинеските автобуси за Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје.

<

Казната нема да се изврши доколку обвинетиот во рок од пет години од правосилноста на пресудата не стори ново кривично дело.

Судијата Осман Шабани пресудата ја изрече денеска во празна судница, само пред медиумите, затоа што ниту обвинетиот Јанушев и неговите бранители, ниту обвинителката Лиле Стефанова не дојдоа на пресудата.

Во случајот се обвинети и поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиевски, и две други обвинети кои ја признаа вината за „злоупотреба на службената положба и овластување“ и беа прогласени за виновни и осудени на условна казна од две години затвор, која нема да се реализира доколку обвинетите во следните пет години не сторат ново кривично дело.

Според Обвинението, сите обвинети ја фаворизирале кинеската фирма која ги набави автобусите за ЈСП, а таа немала доставено банкарска гаранција и сертификат за квалитет како што се барало во тендерската документација.

И покрај тоа што понуда на фирма од Бугарија била пониска, Комисијата го избрала економскиот оператор од Кина и му предложила на поранешниот министер, Миле Јанакиески, да склучи договор со него.

Обвинението за овој предмет беше поднесено во јули 2021 година, а набавката била правена во 2009 година.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Српски државјанин од Пожаревац е лицето што почина кај хотелски комплекс во Охрид

Денеска е идентификувано лицето чијашто смрт беше пријавена на 20 јули во близина на хотелски комплекс на охридското крајбрежје. Станува збор за лице на...

Возач вработен во комунално, фатен како краде нафта.

Возач вработен во Јавното претпријатие за комунални дејности „Тополка“ од општина Чашка е лишен од слобода откако бил фатен на дело како краде нафта...

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...