25.9 C
Ohrid
среда, јуни 4, 2025
ПочетнаМакедонијаМакедонците од Австралија не ја сакаат ни Сања Барби, бидеќи и таа...

Македонците од Австралија не ја сакаат ни Сања Барби, бидеќи и таа пеела на настан организран од страна на СДСМ.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

По повод празникот „8 Септември“, Општинската организација на СДСМ од Кисела Вода, организираше традиционален пикник на „Пеленица“ на кој учество требаше да земат голем број естрадни музички ѕвезди.

<

Меѓутоа пејачите Јордан Митев и Андријана Ацевска го откажаа настапот бидеќи, тие не биле информирани дека овој настан е организиран од политичка партија, па на своите официјални Фејсбук профили, двајцата јавно се откажаа од настапите во организација на СДСМ – Кисела Вода.
Но затоа Гавазова, Благоја Грујовски и Сања Цинцева одлучија да не откажуваат без разлика на политичката партија, при што се најдоа на мета од нашинците во дијаспората.
Македонците од Австралија јавно кажаа дека овие естрадни уметници ќе бидат бојкотирани и не се пожелни во Австралија- но на многубројните критики одговори и Македонската Барби….

Почитувани граѓани, мои драги обожаватели

Со оглед на последните случувања и оркестрираните напади врз мене како личност и како уметник, чувствувам потреба да ви се обратам.

Познато е дека музиката не познава граници, а не би требало да познава ниту политичка, ниту верска, ниту национална припадност. Музиката е создадена да обединува, да облагородува, да гради мостови! Музиката е јазик кој секој го разбира!

8 Септември е празник на сите граѓани! На него се радуваат сите кои копнееле за независна, слободна држава, без разлика на која партија и припаѓаат!

Оттука, мојата професионалност ми наложува да одговорам позитивно на укажана чест да пеам токму на овој голем празник!

Како уметник, но и како личност никогаш не сум ги делела луѓето по партиска припадност, ниту по било која друга основа.

Јас сум уметник кој познава само љубители на македонската музика, на моите песни и сум силен противник музиката, песните, да им “припаѓаат” на било која партија! Песната им припаѓа на граѓаните!

Но, мора да кажам и дека нема поголемо задоволство за еден пеач, да пее пред публика која го сака и прифаќа. Нема поголемо богатство од таа радост.

За жал поради мојата професионалност, сум мета на напади, клевети и омраза!

Пред тие напади, ќе молчам, зошто таквите коментари и повици полни омраза, зборуваат за тие кои ги пишуваат и кажуваат!

Јас точно знам која сум! Јас сум естраден уметник кој бескрајно ја сака Македонија, земјата во која сум се родила, растела и во која творам!

И токму затоа, ова мое обраќање ќе го завршам со зборовите на големите Блага и Ефто кои треба сите да не потсетат дека “Песната е да се слуша, срце да ти опива, песната е да те гушне, рани да ти измива! Песната е да те роди, да те умре пустата!”

Ви благодарам!

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Работникот од Кина кој падна од мост кај с.Требеништа се бори за живот по повреда на автопатот во изградба Кичево-Охрид

Вчера во 07.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека, О.З.(52) од Кина, при изведување градежни работи на автопатот во изградба Кичево-Охрид, кај селото...

Тригодишно дете донесено починато на скопските клиники

Тригодишно дете донесено починато на скопските клиники. На 03.06.2025 во 09.30 часот во СВР Скопје, од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје е пријавено дека...

40 илјади денари е просечен месечен трошок за третмани на еден повреден во „Пулс“ – родителите сами се борат со високите трошоци

Родителите на децата кои беа повредени во трагичниот пожар во скопската дискотека „Пулс“ се соочуваат со големи финансиски трошоци за лекување, а очекуваната државна...

Охриѓанец продавал марихуана.

Пронајдена дрога во Охрид, лишено од слобода едно лице На 03.06.2025 во 18.40 часот на пресек на булевар „Туристичка“ со улица „Бистрица“ во Охрид, полициски...