4.4 C
Ohrid
понеделник, декември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаПотрагата по тајниот автор на измените во Кривичниот законик не донесе до...

Потрагата по тајниот автор на измените во Кривичниот законик не донесе до името Мартин Костовски – Пратеник од СДСМ

spot_img

Потрагата по тајниот автор на измените во Кривичниот законик не донесе до името Мартин Костовски – или барем до компјутерот од којшто се креирал документот со измените во Кривичниот законик. Со ова име се совпаѓа името на пратеник од СДСМ, но тој негира дека ги правел измените, а од утре ќе проверува дали некој во парламентот го креирал документот од неговиот компјутер без да знае. Институциите одбиваат да кажат кој конкретно ги напишал измените за спас на корумпираните политичари.

Известува: Александра Денковска Гоцевска

Владата и Министерството за правда кријат кои се авторите на измените на Кривичниот законик. Никој не открива конкретно имиња на креаторите ниту, пак, на чија иницијатива се напишани. ИРЛ испрати прашања и до Владата и до министерството за правда – кој и кога одлучил да се променат овие членови и врз основа на чие правно мислење. Решија да одговорат дека министерството е подготвувач на измените без да прецизираат кои се лицата кои бришеле и додавале членови во Кривичниот законик, а не биле членови на работната група во која членуваат професори, обвинители и судии.

Сите обиди да дознаеме кој ги напишал овие измени и врз основа на каква анализа беа залудни бидејќи клучните лица од клучните институции не сакаат да кажат. Следниот чекор беше да се обидеме да дознаеме повеќе за овој процес од метадатата на документите прикачени на веб страницата на Собранието. Проверката покажа дека речиси сите документи се креирани од службеник во министерството за правда, освен еден – самиот предлог закон. Четири дена пред усвојувањето на измените, овој документ е креиран и менуван од извесен Мартин Костовски, односно ова име е корисничкото име на компјутерот на кој бил креиран документот. Во министерството за правда ни потврдија дека нема ваков службеник со ова име презиме. Ова име коинцидира со пратеникот на СДСМ и правник Мартин Костовски. Телефонски разговаравме со пратеникот. Го прашавме дали тој работел на измените на Кривичниот законик и дали го креирал документот поставен на веб страната. При првиот контакт со новинарите на прашањето на ИРЛ дали предлог законот е креиран на неговиот компјутер или можеби и тој е авторот, тој рече дека ќе провери и ќе повторно ќе не побара, по што кажа дека не бил тој.

„Не сум јас, немам врска со тоа“, рече кусо тој и додаде дека прв пат го видел законот на самата седница во парламентот. И покрај краткиот рок за правна анализа, правникот и пратеник Костовски гласаше за законот. За ИРЛ изјави и дека од утре ќе проверува дали некој го користел неговиот компјутер во парламентот без да знае.

Метадата податоците покажуваат дека документот е креиран на четврти септември 2023 година во 12 часот на пладне, а коригиран во 15 часот.

Телефонски го побаравме и министерот за правда Кренар Лога. На прашањето кој работел на овие измени на Кривичниот законик ја посочи неговата заменичка, Викторија Мадиќ. Измените на Кривичниот законик пред пратениците ги претстави Мадиќ, но кога денеска и се јавивме да ја прашаме за измените дрско ни одговори дека сме пратиле прашања во министерството и дека одговори ќе добиеме преку портпаролот, а потоа го прекина телефонскиот повик.

Постапка за промена на Кривичнот законик е започната во 2020 година, а во јули 2022 година на ЕНЕР е објавена една нацрт верзија во која е предвидена и проширена конфискација и еколошки криминал. Членот за злоупотреба на јавните набавки е издвоен како посебен член, додека казните во членовите 353 и 394 се непроменети. Оваа верзија на Кривичниот закон ја изработувале преку 20 лица меѓу кои и судии, обвинители, професори и адвокати кои се оградуваат од промената на членовите. ИРЛ разговраше со неколку членови меѓу кои и претседателот на работната група, професорот Владо Камбовски кој вели дека не знае како настанала оваа промена.

„Јас не знаев дека ќе се менуваат овие членови. Секој што си гласа има права, должности и одговорности. Јас не одлучувам ништо. Ние бевме задолжени како стручна група со најдобро знаење и сите искуства на судии и јавни обвинители, теорија и пракса да предложиме измени во Кривичниот законик. А, што ќе прифати Собранието, тоа е негова одговорност“, вели Камбовски.

Од план до реализација во 29 дена

Измените на Кривичниот законик почнале да се планираат во јули оваа година. На 31 јули, Министерство за правда на својата интернет страница објавило известување дека започнува со подготовка на Предлог – Закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик заради усогласување со меѓународните стандарди. Во ова известување пишува дека Министерството веќе работи на измени на целиот Закон, но поради побрзо стапување на сила на дел од прописите некои измени се носат порано.

Како измени кои се клучни за побрзо донесување се посочени „проширената конфискација“ и „еколошкиот криминал“ кои не беа предвидени во стариот Кривичен законик. Измената на членовите со кои се предвидува побрзо застарување на неколку десетици случаи и намалување на казните, во ова известување не се најавени.

ИРЛ праша во Министерството за правда зошто во ова известување не ги ставиле и измените на членовите 353 и 394, на што добивме одговор дека „Известувањето за почеток на процесот за подготовка на предлог на Закон означува започнување на процесот на измени на едно законско решение и вообичаено е текстот да претрпи измени во текот на тој процес“.

На дополнувањето на Кривичниот законик со „проширената конфискација“ и „еколошкиот криминал“ се работело уште во јули минатата година и таа нацрт верзија на законот е прикачена на Електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР) каде што се објавуваат сите работни и конечни верзии на сите Закони и сите граѓани имаат право да дадат свои забелешки. Ова значи дека на граѓаните им била ускратена можноста да ги коментираат за последните измени на Кривичниот законик. На измените на спорните членови се работело од 31 јули годинава до 29 август или вкупно 29 дена.
За повеќе детали на Ирл.Мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тик Ток веднаш изреагира за забраната: Во Албанија одлучуваат Албанците, вели Еди Рама !!

По информациите дека кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е платформата Тик Ток, ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со...

Горан Пандев назначен за спортски директор на македонските репрезентации

Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев е назначен за спортски директор на сите македонски репрезентативни селекции. - Илија Најдоски, еден од великаните на македонскиот фудбал, заедно со...

Баба од Скопје го тепала внукот со тврд предмет.

Во полициска станица во Скопје од 25-годишна жена било пријавено дека во семејниот дом кој се наоѓал на подрачјето на Бит Пазар нејзинот малолетен...

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид Вчера (21.12.2024 ) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид и волонтерите од Црвениот...