11.9 C
Ohrid
недела, мај 12, 2024
ПочетнаМакедонијаКлиниката за онкологија ги води како живи своите пациенти кои починале дома

Клиниката за онкологија ги води како живи своите пациенти кои починале дома

Клиниката за онкологија ги води како живи пациентите кои што некогаш се лекувале таму, а потоа починале во домашни услови, дознава „Слободен печат“ од свои доброупатени болнички извори.
На Клиниката за онкологија има два системи – „Мој термин“ и „УЛТРА“. Во ниеден од нив не се заведува смртта на пациентите кои биле хоспитализирани, а потоа пуштени на домашно лекување. Со други зборови, доколку пациентот починал дома, нема начин болницата тоа да го знае и да го заведе.

– За нив немаме увид дека се починати и кога, освен ако не дојде некој од семејството да врати некои од лековите како донација во аптеката, па да каже. Во системoт на болницата кај никого не стои дека починал ако починал во домашни услови, вели нашиот извор од Клиниката за онкологија.

УЛТРА е системот на Клиниката за онкологија за водење пациенти, кој е посебен од „Мој термин“. Во него секој доктор има најава. Преку „Мој термин“ се закажуваат прегледи, а терапија и извештај за пациентот се прави во УЛТРА. Во овој систем се заведува каков лек примил секој пациент. Во него се води требувањето на лекот од одделот до аптеката и токму таму се заведени датумите на прегледите на пациентот.

-Само ако ја прочитате отпусната листа на пациентот, од последните внесени податоци таму, може да видите дека е испратен на домашно лекување, или кога последен пат бил на преглед. Но ако пациентот е отпишан од болницата и почине дома, УЛТРА тоа нема да го знае. Си стои како пациент кој последен преглед имал одамна. Историите се на шалтер. Ако е пуштен дома, ќе пишува дека „во договор со семејството во тешка општа состојба пациентот се испишува на домашно лекување“. Терминален пациент се испишува во тешка општа состојба и може да му се даде терапија за дома. А потоа, дали и кога починал, не знаеме – вели нашиот извор, вработен на Клиниката за онкологија.

Овој систем е многу важен за истрагата која ја води Јавното обвинителство. „Слободен печат“ има сознание и доказ за еден пациент кој починал во 2014 година, а во 2022 година во неговото досие во УЛТРА почнува да се лекува друг пациент со дијагноза канцер. Канцерот во 2022 година е различен вид кога ќе се спореди со канцерот од 2014 година што го имал првиот пациент кој починал. Кој се лекувал во досието на починат пациент?! Според наши сознанија, вештачењата на Обвинителството ќе се однесуваат и на овој аспект. Дали во внатрешниот, УЛТРА систем на Клиниката за онкологија неоправдано биле водени пациенти кои се лекувале, во досиејата на пациенти кои биле починати и зошто?

„За пациентите кои во даден период биле пациенти на клиниката, а потоа починале надвор од клиниката, најчесто ние како институција не ја добиваме информацијата за нивното починување ниту пак точниот датум. Поради тоа, кај таквите пациенти во нашата електронска база за податоци на пациенти недостасува соодветниот податок за починувањето на пациентот. Согласно починувањето кај таквиот починат пациент не постојат нови тековни прегледи туку во електронската база на податоци останува последен преглед оној што е реализиран додека пациентот е жив. За пациентите кои починуваат во клиниката постои уредна документација и податок за починувањето“, рекоа од Клиниката за онкологија за „Слободен печат“.

На 3 ноември 2022 година новоназначената директорка на Клиниката за онкологија доктор Виолета Клисаровска му забрани на еден шалтерски работник да креира упати, поради сомнеж дека креирал упат за близок член на семејството за пет скен приоритетно. Фармацевтот од болничката аптека е на суд за примање поткуп. На пациентката Минка Веизоска ѝ барал 100 евра мито за да ѝ ја даде биолошката терапија што таа би морала да ја прими. Со бележани пари кои аптекарот ги прими, заврши како обвинет за примање поткуп. Од сведочењето на пациентката Веизоска стана јасно дека таа терапија (биолошка терапија Кејтруда), била „криена за неа“.

-Која сум јас да ја кријат за мене? Од која причина, зошто?, изјави Веизоска за „Слободен печат“.

Нејзиното искуство отвора сериозен сомнеж за трговија со влијание на Клиниката за онкологија, односно уцена врз пациентите да платат пари за да добијат терапии.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Грчката амбасадорка изреволтирана: Претседателката Давкова наместо Северна кажала Македонија.

Грчката амбасадорка во земјава, Софија Филипиду демонстративно ја напушти собраниската ложа откако новата претседателка на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова ја даде заклетвата и наместо...

Тошковски со честитка до Силјановска: Сигурен сум дека со љубовта што ја има за Македонија ќе биде вистински чувар на нашите вредности

Тошковски со честитка до Силјановска: Сигурен сум дека со љубовта што ја има за Македонија ќе биде вистински чувар на нашите вредности Mинистерот за внатрешни...

Швајцарија победник на Евровизија – момчето ја освои Европа со лакирани нокти, мини здолниште и нашминкано лице..

Швајцарскиот пејач Немо победи на изборот за песна на Евровизија во шведскиот град Малме, пренесоа светските агенции. Немо доби 591 поен со песната „The Code“....

Ограбена канцеларијата на МАТИЧНОТО во Прилеп

На 11.05.2024 во ОВР Прилеп било пријавено дека во период од 10.05.2024 до 11.05.2024 од страна на непознат сторител било влезено во канцелариски простории...