27.9 C
Ohrid
сабота, јули 19, 2025
ПочетнаМакедонијаФилмско сценарио во Идризово-директорот тврди дека Јаневски земал пари од командири за...

Филмско сценарио во Идризово-директорот тврди дека Јаневски земал пари од командири за да ги направи полицајци

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Затвореник во Идризово им земал пари на командирите и им ветувал дека ќе ги направи полицајци и од затворот ќе одат директно во Министерство за внатрешни работи. Според актуелниот директор на затворот Зоран Јовановски, ова е приказната за рекетот и уцените кон поранешниот заменик министер за култура, Јанко Јаневски кој за Алфа сведочеше за пеколот кој го поминува таму. Затвореникот сега е недостапен за да може да одговори на обвинувањата на командирите.

<

Добро е што и Алфа се вкклучи за да се расчисти случајот,. Командирот денес му поднесуваат кривична пријава на Јанко бидејќи им зел пари им ветувал, а не сакал да им ги врати. И за него како и за останатите осуденици кои се жалат од рекет и уцени, информрирана е Лиле Стефанова и обвинителството треба понатаму да постапи, вели Зоран Јовановски, директор на Идризово.

Инаку Јанко Јаневски за Алфа сведочеше дека со месеци чуварите му се закануваат и се обидуваат да го рекетираат.

Директорот нема коментар за сведоштвото на другиот затвореник, Тони Денковски, кој исто така се пожали дека не можел повеќе да ги издржи заканите кон неговото семејство. Тој е осуден на доживотна робија за ликвидиација на тројца во скопски рибен ресторан.

И за двата случаи директорот на затворот топката ја префрла кај обвинителката Лиле Стефанова на која се и било пријавено. Но, Стефанова, освен што е на судење и е многу зафатена, нема друг одговор. Алфа остана без одговори што презела за скандалот во Идризово.

Исто како и обвинителката така и директорот на Управата за извршување на санкции, Јовица Стојановиќ нема одгвовор за Алфа што се случува со рекетот и заканите иако затворите се под негова надлежност.

За разлика од нив министерот за правда Кренар Лога рече дека ќе се запознае и ќе информира за скандалот.

Паула Костадиноска

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Автопатот Скопје-Тетово затворен во двата правци

Автопатот Скопје – Тетово е целосно затворен за сообраќај во двата правци, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Граѓаните се повикуваат...

Гест за почит: Скопски таксист не му наплати на Јанко – „Фала ти за љубовта кон Македонија“

Колумбиецот Јанко, кој во последните години стана препознатлив по тоа што пее песни на македонски јазик и со својата харизма ја промовира нашата култура...

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Претседателот на СДСМ Венко Филипче попладнево на прес-конференција објави уште еден дел од кандидатите за локалните избори, по состанокот на Извршниот одбор на партијата,...

Исчезнато 13-годишно девојче е пронајдено кај 33-годишен маж во Џепчиште

Рано утрово во тетовското село Џепчиште, во домот на 33-годишен маж е пронајдено 13-годишно девојче кое мајката претходно го пријавила како исчезнато, соопшти МВР....