13.9 C
Ohrid
вторник, јули 22, 2025
ПочетнаМакедонијаГруевски: ВМРО-ДПМНЕ не е на Мицкоски и на Александар Николоски - СДСМ...

Груевски: ВМРО-ДПМНЕ не е на Мицкоски и на Александар Николоски – СДСМ мора да падне час поскоро!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Економијата е многу падната, а сиромаштијата зголемена, неправдата е голема и луѓето не можат да издржат, ова го изјави поранешниот премиер на Македонија Никола Груевски преку видео повик од Будимпешта во емисија на порталот „Инфомакс“

<

„Постои големо незадоволство од актуелните политичари и овие од Власта кои се тешка катастрофа и за кои го охрабрувам ВМРО-ДПМНЕ да направат чекори со кои побрзо ќе ја срушат Владата, бидејќи една година чекање е многу, народот бега од Македонија ќе останеме без народ и луѓе“, изјави Груевски.
Тој рече дека е ова е прво видео интервју кое го дава по 2019 година. Требало да се појави во интервју за 360 степени кај новинарот Васко Попетревски, но немало технички можности, па затоа ја прифатил поканата на „Инфомакс“.

„Откако ме нападнаа овие денови од ВМРО-ДПМНЕ, јас се трудам да се воздржам, да не кажам некои работи кои ќе направат голема штета, јас имам многу информации и од времето кога сме биле заедно и потоа, но јас зборувам воздржано иако сум незадоволен за многу работи“, додаде Груевски.

Јас до 19-ти септември до интервјуто на Груевски, немав ниту еден збор кажано јавно за Христијан Мицкоски со кои би направил штета, јас со многу нивни политики не се согласував и сега не се согласувам, но тоа не излегувам јавно да го кажувам за да не направам штета, затоа што промена на оваа Власт е потреба час поскоро и сега во ова интервју многу внимавам. Го споменавме Александар Николовски. За толку многу работи можам да му одговорам на Александар, да не може да се отплетка со месеци или на Христијан и да се занимаваат само со мене. И да се чудат што ги снашло. Таа партија не е на Александар или Христијан“, додаде Груевски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Трагедија во Албанија: Македонски државјанин се удави на плажа кај Драч!

Во близина на албанскиот град Драч, на плажата кај Каваја, попладнево трагично животот го загуби 66-годишен македонски државјанин. Како што информира албанската полиција, несреќата се...

Од ДУИ велат дека за локалните избори имаат сигурна победа.

Денес, Претседателот на Демократската унија за интеграција, г‑дин Али Ахмети, свика редовна седница на Централното Претседателство, на која се разгледаа актуелните политички случувања во...

Бујар Османи е кандидат на ДУИ за градоначалник во Чаир

Поранешниот министер за надворешни работи и портпарол на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Бујар Османи, ќе биде кандидат за градоначалник на скопската општина Чаир,...

Ресорт Бате Боле слави 1 година постоење со голема роденденска забава

Првиот роденден на Resort Bate Bole е повод за голема прослава — и вие сте поканети! На 26 јули, со почеток во 21:00 часот, ве...