10.9 C
Ohrid
петок, април 25, 2025
ПочетнаМакедонијаКомандири од затворот Идризово излажани од затвореник за 4000 евра: Им ветил...

Командири од затворот Идризово излажани од затвореник за 4000 евра: Им ветил дека ќе ги вработи во МВР !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Управата за извршување на санкции на извршила вонреден наздор во казнено-поправниот дом „Идризово“, по поплаки од двајца командири, кои се пожалиле од двајца затворски полицајци дека им се заканувале, а кои полицајци пак, пријавиле дека му дале мито на едниот затвореник, а тој ветувањето не го реализирал.
Затворениците Тони Денковски и Јанко Јаневски тврделе дека од затворските полицајци се под закани по живот, рекет и уцени. Двете службени лица признале дека платиле мито од 4.000 евра за да бидат преместени на работа во МВР, но не дека се заканувале поради неисполнување на ветеното.

<

„Во врска со наводите на Јанко Јаневски кој отслужува 9-годишна затворска казна, дека имал уцени и закани по живот да врати 4.000 евра во рок од 24 часа, Управата за извршување на санкции изврши разговор со двајца припадници на затворската полиција кои тврделе дека биле измамени од Јаневски кој им побарал по 2.000 евра ветувајќи им дека ќе бидат префрлени со работа во МВР. Вкупната сума од 4.000 евра му ги исплатиле на негов пријател во трговскиот центар ’Сити мол’. Командирите по извесен период сфатиле дека се измамени и настанот го пријавиле во ПС Кавадарци“, вели Министерството за правда во ова невообичаено соопштение.

Службените лица од Управата разговарале и со осуденото лице Јанко Јаневски кој тврдел дека никогаш не зел пари од припадници на затворската полиција, туку напротив, дека лично тој му давал пари на Киро Димов, припадник на затворската полиција. Осудениот Јаневски парите ги добивал од спортско обложување кое се организирало во установата и на неколку наврати му позајмувал пари на Димов. Потоа почнал да му се заканува преку осудени лица за враќање на долгот во рок од 24 часа.

За наводите дека припадникот на затворската полиција земал пари од Јаневски, потврдиле и две други осудени лица.

Во однос на осуденото лице Тони Денковски за неговата поплака дека му е нарушена безбедноста и дека има закани и уцени од страна на осудени лица и припадници на затворската полиција за што е поднесена и пријава до Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција, од разговорот со него тој не посочил конкретни имиња на осудени лица или припадници на затворската полиција поради што не можело да се проверат неговите наоди.

„За Денковски, во дневните билтени не е евидентиран некаков настан или физички напад на ова лице а преземени се и мерки за заштита на неговата безбедност, сместен е сам во соба и сам оди на прошетка“, вели Министерството.

До денот на извршениот надзор, осуденото лице Тони Денковски немал поднесено барање за преместување во друга установа,иако пријавил до обвинителството дека е под закани по животот.

С. К. ДЕЛЕВСКА СДК.МК

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Општина Дебрца, во соработка со ЈПКД-Дебрца, успешно го заврши проектот за поставување на нови водоводени краци во село Сливово.

Општина Дебрца, во соработка со ЈПКД-Дебрца, успешно го заврши проектот за поставување на нови водоводени краци во село Сливово. Наместо првично планираните 600 метри,...

Почина Алајдин Сулејмани од Арачиново, кој беше тешко повреден денеска во пукотници на Бит Пазар

Алајдин Сулејмани (30) од Арачиново им подлегнал на тешките повреди кои ги здоби денеска од истрели во близина на Полициската станица – Бит Пазар....

Пронајден е возачот кој во Охрид удри пешак и избега од местото, против него ќе биде поднесена соодветна пријава информираат од МВР.

Пронајден е возачот кој во Охрид удри пешак и избега од местото, против него ќе биде поднесена соодветна пријава На 24.04.2025 во 22.40 часот во...

Опожарено возило на улицата Македонски Просветители во Охрид – брзата интервенција спречи поголема несреќа

Опожарено возило на улицата Македонски Просветители во Охрид - брзата интервенција спречи поголема несреќа Денеска околу 14:00 часот, на улицата Македонски Просветители во Охрид избувна...