18.9 C
Ohrid
вторник, јуни 3, 2025
ПочетнаМакедонијаВане од Дунавка: Нема веќе опасност да ме притворат, па се враќам...

Ване од Дунавка: Нема веќе опасност да ме притворат, па се враќам во Македонија!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Поранешниот функционер Ване Цветанов кој како претседател на Советот за унапредување и надзор на ревизијата, заработи кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување, по што тој ја напушти Македонија, на Фејсбук објави дека се враќа дома.

<

„Благодарност до сестра ми и зет ми за огромната поддршка за време на моето азилантско патешествие во Германија. Благодарение на измените на Кривичниот Законик опасноста од притвор повеќе не постои, па за еден месец се враќам во Македонија“, извести Цветанов.

Инаку Министерството за внатрешни работи на 18 ноември 2022 година, поднесе кривична пријава против Цветанов за наводна злоупотреба на буџетот од 75 илјади евра. Според пријавата, Цветанов вршел незаконски јавни набавки и на службени патувања носел блиска личност на државна сметка.

„Во текот на 2021, спротивно на одредбите на Законот за јавни набавки пријавениот, без да спроведе постапка за јавни набавки која бил должен да ја спроведе, од неколку економски оператори набавил стоки и услуги во вкупен износ од 36.954 евра, набавки кои го надминуваат законски дозволениот износ од 12.000 евра во тековната година за набавки на стоки без спроведена постапка, додека во текот на 2022 продолжил со дејствијата и извршил набавка на стоки и услуги од неколку економски оператори во вкупен износ од 7.000 евра за кои постои основано сомнение дека нема реална оправданост за набавка на истите за потребите на телото.

Тој ги пречекорил границите на своето службено овластување, постапувајќи спротивно на Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, спротивно на Статутот на телото и спротивно на Законот за ревизија склучил три договори за ангажирање на надворешен советник за специјални цели во телото со Д.Т., која била негова невенчана сопруга, без предвиден надоместок за ангажираното лице. Притоа овие договори биле искористени и како основa за заеднички службени патувања во странство, за што по основ на дневници за службени патувања и патни и дневни трошоци, од сметката на телото неосновано и противправно биле исплатени парични средства во вкупен износ од 1.525 евра“, наведоа од МВР.

Инаку Ване за пошироката јавност стана популарен откако успеа да и го украде срцето на поранешната манекенка Дунавка Трифуновска

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во стариот град на Охрид, се изврши асфалтирање на два краци од улицата „Нада Филева“

Деновиве се одвиваа активности за асфалтирање, уредување и санација. Во Стар град се изврши асфалтирање на два краци од улицата „Нада Филева“. Понатака на...

Мицкоски: Очекувам во првиот квартал од оваа година да бидеме во првите пет економии во Европа

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска на одбележувањето 80 години постоење на Завод за статистика одговарајќи на новинарско прашање во...

Крвава групна пресметка меѓу средношколци во Карпош, момче е прободено со нож

Утринава во близина на хотелот „Карпош“ во Скопје се случила тепачка меѓу две групи средношколци, при што едно лице било повредено со остар предмет,...

Во Македонија се враќа забраната за пушење и на затворените тераси – МЗ најавува законски измени

Повторно ќе се враќаат забраните за пушење цигари и во затворените тераси на угостителските објекти, најавуваат од Министерството за здравство. Нема толку инспектори колку...