31.9 C
Ohrid
вторник, август 12, 2025
ПочетнаМакедонијаМлад велешанец го ризикуваше животот и се фрли во Вардар да спаси...

Млад велешанец го ризикуваше животот и се фрли во Вардар да спаси давеник

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Без воопшто да се двоуми и да размислува за својот живот, 36-годишниот велешанец Ерѓул Усеинов завчера влегол во реката Вардар во центарот на Велес, за да спаси давеник.
Како што дознава ,,Фокус”, маж на возраст од 71 година ја прескокнал оградата помеѓу двата моста и се фрлил во реката, и во тој момент бил забележан од Ерѓул.

<

Имало повеќе очевидци на настанот, а Ерѓул веднаш потрчал и решително влегол во реката, додека давеникот веќе почнал да тоне и да не дава знаци на живот.
Успеал да го фати, го извлекол на крајот, а уште едно лице му помогнало да го извадат на брегот.

Лицето било без знаци на живот, и во тие моменти на неизвесност Ерѓул започнал да му дава прва помош. За кратко, давеникот се повратил и ги отворил очите.

Бил траспортиран во велешката болница, но вчера наутро поради компликации на неговата здравствена состојба, починал.
Настанот за ,,Фокус” го потврдија од СВР Велес.

За велешани младиот Ерѓул кој го ризикуваше својот живот е херој. На социјалните мрежи посветени на градот тој добива коментари со признание за човечноста и брзата реакција во клучните моменти.

-За време на вакви ситуации, кога секоја секунда е важна, некои луѓе стојат настрана и гледаат, некои пак веднаш реагираат и пружаат помош. Да се стави на коцка сопствениот живот, за да се помогне на човек кој дури и не го ни познавал, е навистина храбар потег. Ерѓул заслужува да му се додели општинско признание за неговата пожртвуваност, без оглед на крајниот исход на настанот– коментираат неговите сограѓани.

Вики Клинчарова Fokus

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата приведе две лица- Му се заканувале на градоначалникот и на неговото семејство

На 12.08.2025 во 02:20 и 02:50 часот во Росоман, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода М.Д.(33) и Т.П.(34), двајцата од Росоман,...

15 годишник е еден од осомничените за убиството во Тетово, изведен е пред судија на претходна постапка !!!

Еден од осомничените за убиството што се случи во неделата во Тетово денеска бил изведен пред суд, јавува репортерот на 4news.mk, објави 4NEWS.mk Според нашите...

Лозановска, директорката на гимназијата во Демир Хисар се јави на информативен разговор

Во полицијата во Демир Хисар на информативен разговор утрово се јави директорката на Гимназијата од Демир Хисар, Маја Лозановска, во придружба на нејзиниот адвокат...

Маж од Виница избоден 4 пати со нож пред угостителски објект !

Вечерта на 7 август, пред угостителски објект во Виница, мирното место се претвори во сцена на насилство кога Н.В. (32) од Виница, по вербална...