8.9 C
Ohrid
понеделник, декември 9, 2024
ПочетнаМакедонијаИва Матиќ- првата жена пилот во Македонија на која ни небото не...

Ива Матиќ- првата жена пилот во Македонија на која ни небото не ѝ е граница

spot_img

Луѓето треба да се ценат според квалитетите што ги поседуваат, а не според пол, вера, боја на кожа, или сексуална определба, вели Ива Матиќ, прва пилотка во Армијата и прва пилотка на хеликоптер, во разговорот за Слободен печат.

Иако веќе не е составен дел од Aрмијата, Ива Матиќ беше, е и ќе биде првата жена пилот во Армијата, и прва жена пилот на хеликоптер во Македонија. Испиша историја. Кога дознала дека ќе има конкурс за пилоти за потребите на Армијата не знаела дека, ако успешно ја помине селекцијата, ќе биде прва. Целта на Ива ѝ била само остварување на нејзината долгогодишна желба. Вели дека тоа е професија која ѝ дава слобода, она исконско чувство што најверојатно потекнува од стремежот на човекот за неа уште во легендата за Дедал и Икар. Слобода не само на земјата, туку и на небото. А воен пилот, најверојатно затоа што потекнува од „армиско“ семејство – таа е трета генерација на Матиќ во редовите на армијата, па оттаму и љубовта за неа.

Колку беше тешко да се тргне на овој пат?

– Прилично тешко. Целиот процес на тренинг, а подоцна и самата работа, бараат многу жртви; откажување од слободното време, многу теоретски подготовки, испити, учење, во текот на обуката многу летање кое бара одлична физичка и психичка подготвеност, имавме предавања и летање секој ден од осум до дваесет часот, а потоа требаше сè тоа да го научиме и да се подготвиме за летање за наредниот ден. Оваа обука траеше година и половина. Подоцна следуваше преобука за друг тип на хеликоптер, постојани надоградувања, и уште многу други препреки, обврски, детали кои не можам да ги доловам овде. Меѓутоа сè тоа и тоа како вреди за, и барем, еден час дневно поминат во воздух.

Првиот самостоен лет, веројатно, никогаш не се заборава. На што беше фокусирана, на што мислеше, како се чувствуваше?

– Фокусот е насочен, како и на секој лет, на процедурите што треба да се следат во текот на самиот лет, и секако на подготвеноста за вонредна случка. Се чувствував смирено и многу сконцентрирано.

Дали си учествувала во специјални, посебни мисии?

– Да. Бев седум месеци на мировна мисија во Кабул, Авганистан.

Моментно си на подготовки да станеш пилот на комерцијални летови, со тоа би била втора Македонка во оваа професија. Што те предизвика од воен пилот да преминеш на пилот за комерцијални летови?

– Накратко, повеќе часови поминати во воздух.

Се знае ли веќе, кога би се случил твојот прв комерцијален лет, и на која релација?

– Сè уште е во тек мојата обука за комерцијален пилот. Во изминатиот период, во Литванија, го завршив теоретскиот дел со положување на четиринаесет испити. Следува обука во Шпанија, во времетраење од осум месеци, на едномоторен и двомоторен авион и симулатор, во тек на која има уште многу испити и проверки. Откако тоа ќе заврши, мојот прв официјален комерцијален лет би бил следната година, а тоа би требало да биде во Европа.

Треба ли секогаш да докажуваш дека си подобра од машките пилоти?

– Немам потреба да се докажувам никому, туку едноставно сакам да ја работам најдобро што можам работата која што ја обожавам.

Како се гледа светот „одозгора“?

– Голем вљубеник сум во природата, а нејзините неверојатни пејзажи и убавини поинаку се доживуваат летајќи. Тоа е една магија, спокој, мир, нови широки хоризонти, сите различни, а сепак исти, на една единствена планета, сиот наш свет – нашата Земја.
Какви се реакциите на патниците кога ќе слушнат дека пилотот е жена?

– Додека бев во армијата немав некои невообичаени рекации.

Што е според тебе храброст?

– Способностa дури и кога има ризик да се направи нешто што изгледа тешко, невозможно. Храбрите луѓе зборуваат и делуваат како што мислат дека е исправно, дури и кога наидуваат на отпор. Храбрите луѓе ги прават промените, го движат светот нанапред.

Која жена пилот те инспирира? Какви жени воопшто те инспирираат?

– Амелија Ерхарт. Надежда Попова. Пеги Витсон. Валентина Терешкова. Кетрин Џонсон. Латифа Набизада. Марија Кири. Малала Јусафзаи. Мајка Тереза. Џејн Гудол. Мајка ми. И многу други. Жени кои дејствуваат, творат, гласно говорат, жени кои на свој начин придонесуваат за општото добро.

Сметаш ли дека умешноста и способноста на жените е потценета? И кога сме кај потценувањето, што во тој контакст најмногу ти пречи?

– ДА. Ми пречи фактот што една еманципирана и едуцирана жена со јасни амбиции, свој став и поинакви гледишта од традиционалните, се смета дека не треба да се изразува јасно и гласно, туку дека треба да биде тивка, понизна и сервилна за да успее. Мислам дека проблемот е во менталната сфера и традицијата, и тоа е проблем што сегашните и идните генерации би требало што побргу да го надминат. Луѓето треба да се ценат според квалитетите што ги поседуваат, а не според пол, вера, боја на кожа, или сексуална определба.
Интервјуто го изработи екипата на Слободен Печат-Новинар Јасмина Кантарџиева Димков

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Боксерот Крајевски си го одзеде животот на само 37 години

Литванскиот боксер Генадиј Крајевски, кој живееше во Англија, се самоуби на свои 37 години. Крајевски бил познат по прекарот „Балтички бомбаш“, а најмногу се борел...

Регистарските таблички на државните возила ќе бидат во боите на државното знаме

На 10 декември Владата на седница ќе го разгледува Правилникот според кој, државните возила треба да бидат препознатливи за јавноста по нивната црвено-жолта регистрација....

Мало потсетување: 46 отсто од македонските граѓани веруваат дека од авион прскаат вируси

Влора Речица, една од авторките на истражувањето на Институтот за демократија со наслов „Човек од народот“, гостуваше во пред две години гостуваше во „Клик...

Протестот на ДУИ пропадна, граѓаните одбиваат да ги заштитат партиските милионери

Обидите на ДУИ да организира масовен протест пред Уставниот суд, со тврдење дека го бранат Законот за употреба на јазиците, изгледа дека се соочуваат...