21.9 C
Ohrid
недела, август 3, 2025
ПочетнаМакедонија17-годишно момче со АУТИЗАМ цело во модринки, во Демир Хисар го врзувале...

17-годишно момче со АУТИЗАМ цело во модринки, во Демир Хисар го врзувале со синџири- Вработените не им дозволувале на родителите да го посетат бидеќи таков бил протоколот !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Мајката на 17-годишно момче со аутизам, Салка Абдуловска за „Слободен печат“ вели дека нејзиниот син бил врзуван во психијатриската болница Демир Хисар. Од врзувањето детето по телото имало видливи рани. Момчето 5 недели било хоспитализирано во психијатриската болница Демир Хисар, а таму било за опсервација, за да се адаптира на терапијата.

<


Го држеле врзан, со синџири. Кога го земавме дома низ целото тело имаше рани. Ние го однесовме за опсервација, да му се погоди терапијата. Не го однесовме да го малтретираат детето. И не знаеме што се случува таму. Хоспитализиран беше 5 недели. Ни велеа да го извадиме надвор, но ние знаевме дека треба да се смири и тогаш да го земеме дома. Ѕвоневме, прашувавме и се консултиравме со докторите. Тие самите ни рекоа дека поради личната безбедност на син ми мораат да го држат врзан. Како велам, врзан?, раскажува Абдуловска, мајка на момчето на кого му е констатирано дека е хиперактивно и во аутистичниот спектар.

-После понатаму ни велеа дека има аутистичен спектар. Посетуваше специјално училиште за деца со посебни потреби. После заврши 9-то одделение и го запишавме во средно училиште во Скопје. Има 17 години. Имам слики. Раните му се најмногу на нозете. Да е животно немаше тоа да му го направат на дете. Жално. И каде ние сега? Бараме спас да го смират. Како ќе живееме ние сега? Утре пак може да биде немирен. Што ќе правиме? Пред да замине во болница, дома, кршеше. Затоа побаравме помош во болница. Надвор кога излегуваме луѓето бегаат од него. Тој може сака да ги гушне, да ги погали или сака љубов, а тие бегаат од него. И каде ние, што да правиме? Надвор – не, дома – не. Облека му однесовме во болница, не му ја дале. Со туѓа облека ми го извадија синот. Срамота. Каде живееме? Во кој век живееме? Не можам да си го препознаам сопственото дете, луѓе, што доживеав? Не можам да стојам на нозе. Како смееа така да му прават на дете? Не е психопат, со солзи и вознемиреност, рече Абдуловска.

„Слободен печат“ се обрати во психијатриската болница Демир Хисар за објаснување на случајот.

Пациентот е лекуван во нашата установа во текот на изминатиот месец. Станува збор за лице со нарушување од аутистичен спектар во изразито влошена состојба. Претходно бил одбиен за третман од повеќе установи. Актуелниот прием е реализиран на упорно инсистирање на родителите иако притоа беа запознаени со условите во установата и дека не станува збор за соодветна институција за негов третман. Лекувањето е согласно медицина базиранан а докази и во текот на третманот се бележеа одредени ситуации за кои е неопходно физичко ограничување. Истите се изведуваа согласно протоколите. Тоа се ситуации кои се поврзани со ризично однесување во смисла на автодеструктивност или агресивност кон другите. Родителите во текот на целиот третман беа навремено и редовно известувани за неговата состојба“, вели директорката на психијатриската болница Демир Хисар, Ивана Кочовска.

На социјалните мрежи се шири фотографија од врзано момче но мајката тврди дека таа фотографија не е од нејзиниот син. Мајката ги испрати фотографиите до „Слободен печат“ со дозвола за нивно објавување.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Не успеа да се избори, почина Душко Чифлиганец

Почина Душко Чифлиганец, син на познатиот бизнисмен Ванчо Чифлиганец, кој беше и во раководните структури на „Адора“, потврдуваат членови на семејството. По повеќе од...

Охриѓани спасија турист од давење кај Градиште.

Во близина на плажата Градиште, странски турист бил спасен од давење благодарение на брзата реакција на група охриѓани кои се наоѓале на глисер и...

22 годишен полицаец од Виница, се самоповредил со службениот пиштол во апартман во Охрид

Како што информира СВР Охрид, инцидентот се случил вчера во 12:22 часот. Имено, 22-годишен полициски службеник од Виница, кој бил сместен во апартман во една...

Во критична состојба се наоѓа Душко Чифлиганец, син на познатиот бизнисмен Ванчо Чифлиганец

Душко Чифлиганец, син на познатиот бизнисмен Ванчо Чифлиганец е тешко повреден управувајќи мотор и се наоѓа во критична состојба. Несреќата се случила на позната патека...