30.9 C
Ohrid
вторник, јули 16, 2024
ПочетнаМакедонијаЈанкулоска: Условите во „Идризово“ се ужасни, таму читам стручна литература, а исто...

Јанкулоска: Условите во „Идризово“ се ужасни, таму читам стручна литература, а исто така ги пратам и настаните во Македонија преку телевизија !!!

По три години поминати во затворот „Идризово“ од вкупно четири досудени во предметот„Тенк“, односно за набавката на „мерцедесот“, екс министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, во интервју за „360 степени“, меѓу другото, одговараше на прашања и за времето поминато во затвор и за тамошните услови

„Настојувам да го зачувам и физичкото и психичкото здравје. Се занимавам со одредени фитнес вежби и се друго што е потребно во такви супстандардни услови да се остане во колку-толку добра кондиција, во физичка смисла на зборот, меѓутоа, со оглед на тоа што таквата изолација значи целосна отсеченост од надворешниот свет, во овие години прочитав многу книги што никогаш претходно не наоѓав време да ги прочитам.

Настојувам да читам стручна литература за да не ја изгубам интелектуалната кондиција. Колку што ми дозволуваат можностите, преку телевизијата, настојувам да ги следам и настаните во Македонија“, вели Јанкуловска.

Според неа, условите во затворот се лоши.

„Условите се катастрофални. Тие се навистина под секое достоинствено ниво, каде што човечко суштество би требало да го минува времето, без оглед на тоа кој за што е осуден и колкава казна треба да издржи. Како резултат на нодамнешната посета на министерот за правда во најголемиот затвор ’Идризово’, каде што сум и јас сместена, јавноста имаше можност да види како изгледаат условите.

Јас ќе ви кажам дека дел од тие слики беа направени точно во крилото каде што сум јас сместена. Влагата на ѕидовите, условите се подеднакво лоши за сите, иако можеби во одредени делови на затворот е малку попристојно“, вели поранешната министерка.

Таа сподели дека е сместена во релативно мал простор и дека има пристојна комуникација со сите затворенички со кои разговара главно за затворскиот живот. Јанкулоска потврди дека непосредна сосетка ѝ е и поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, која, пак, е осудена на седум години затвор за злоупотреба на службената положба и овластување во предметот „Рекет“.

Видете, ни јас ни таа не сме одбрале каде ќе не сместат, не сместиле таму каде што проценила Управата дека е соодветно за издржување на казната. Имаме пристојна комуникација како и со сите други, на теми и прашања поврзани со нашето секојдневие“, додава таа.

spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Наместен случај: Од „претепано“ бебе, до казни и стресови за медицинската сестра, на крај работата ќе заврши со „недоразбирање“

Веќе неколку денови во јавноста се врти приказната за „претепаното“ тримесечно бебе на скопската Клиника за детски болести од страна на медицинска сестра, но...

Камерите во Скопје уклучени- Први казни заработија полициски службеници !

МВР денеска објави снимки и информација дека тројца полицајци се гонат затоа што на возач наместо да му пишат казна за сообраќаен прекршок му...

Започна обединувањето на Македонците во Албанија.

Започна обединувањето на Македонците во Албанија. Прогласо на "Друштвото Преспа " го потпишат македонското друштво "Илинден" Некогашниот градоначалник на Пустец, Едмонд Темелко, во името на Друштво...

Кај браната Градче пронајдена е мртва 26 годишна кочанчанка

Вчера во 20:13 часот во полициската станица Кочани, од Јавното претпријатие Водостопанство било пријавено дека на подножјето на браната Градче било пронајдено тело на...