26.9 C
Ohrid
четврток, август 14, 2025
ПочетнаМакедонијаОд утре поскапува речиси цела храна

Од утре поскапува речиси цела храна

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Од утре нов ценовен шок за граѓаните. Поскапува речиси се. За владата луксуз е и брашното, џигерот и сладоледот. Со повисока стапка од 10 отсто ќе се даночат сите видови замрзната риба, освен осличот, пастрмката и пангата, замрзнатите теста, млечните и сирни намази, сирењето и урдата, зденката, пармезанот, ајдемер и гауда кашкавалот, павлаката за готвење, растителните сирења и намази.

<

Сител дојде до листата производи за кои власта уверуваше дека ќе бидат само луксузни. Брои над илјада артикли. Меѓу нив и лутеницата, цвеклото, фефероните, мајонезот, сите видови апетисани, компоти, конзервирана храна, полнети макарони, тортињи, нудли. Поскпауваат и храната за децата – гризот, овесните снегулки, муслите, сладоледот, еурокремот, сите видиви бонбони, чипсот. По нови повисоки цени ќе се продваат и сите чаеви, тропското овошје, сите видово сушено овошје, сусамот, сончогледот, инстант кафињата, наполитанките, компотите, црниот бибер, мастиките, најголем дел од зачините. Маркетите веќе ја добиле листата производи и ги подготвуваат новите цени.

Владата по итна постапка го донесе законот за повисоко ДДВ, но листата производи ја криеше. Нивното образложение тогаш беше дека ќе поскапат само оние кои кои ретко кој може да ги купи и дека ваквата мерка нема да удри по џебот на обичните граѓани. Ги сменуваа само перките од ајкула, чија семето, тартуфите, сирењето со муфла. Но со ваквата листа и самите маркети се збунети. Велат – ги поевтинија лебот и млекото, а се останато ќе се продава поскапо.

Со зголемување на ДДВ во буџетот власта очекува да се соберат дополнителни 70 милиони ерва

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од денес е во функција новата клучка што ги поврзува Охрид и Струга, како и Македонија и Албанија.

Се пушта во употреба клучката Подмоље, клучка која ги спојувува Охрид и Струга, но и Албанија и Македонија, а интензивно се работи и на...

Пожарникари од Крива Паланка спасиле куче влечено од автомобил, па фрлено во речно корито.

По добиена дојава за фрлено куче во бездна со тим од двајца пожарникари излеговме на лице место и пристапивме со негово извлекување и предавање...

Четиригодишно дете од Куманово се затруло со детергент.

Уште еден случај на затруено дете во Куманово, евидентира кумановската полиција. Станува збор за четиригодишно дете, случајот во полицијата го пријавиле од кумановската болница. –...

Познато целото име и презиме на Македонецот од Струмица кој е убиен во Боливија

Познат е целосниот идентите на македонскиот државјанин убиен во јужноамериканската држава Болиција, заедно со уште двајца српски државјани. Како што објавија пред малку српските...