31.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаТри години затвор за кумановката Филиповиќ која усмрти пешак пред мостот Гоце...

Три години затвор за кумановката Филиповиќ која усмрти пешак пред мостот Гоце Делчев

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

По речиси две годишен процес, судот и изрече три години затвор и пет годишна забрана за управување на возило на куманковката Гордана Филиповиќ, која на 26 јануари 2022 година на пешачки премин кај мостот „Гоце Делчев“ смртно го прегази 76 годишниот Слободан Ангеловски. Таа изречената казна ја дочека мирно без никаква реакција.

<

Судијката Елена Јосифовиќ посочи дека како отежнителна околност е земено тоа што не застанала на пешачкиот премин иако веќе две возила чекале да помине пешак, а воедно и тоа што имала забрана за управување со моторно возило, како и зачестеноста на ваквите кривични дела. Како олеснителни околности во предвид е земено тоа што претходно не била осудувана, станува збор за релативно млада, покажала искрено каење, и тоа што нејзината ќерка го загуби својот живот исто така во сообраќајна несреќа..

Адвокататка на оштетените Јована Малезанска вели дека семејстовото на Ангеловски нема да ја обжали одлуката на судот и дека се задоволни од текот на постапката во која активно учествувале со изнесување на докази.

-Во поглед на висината на казната, дали сме задоволни, сметаме дека е во рамките на законот, во казната земени се во предвид олеснителни околности, меѓутоа ние најмногу би биле задоволни доколку во иднина на се случуваат вакви сообраќајни незгоди со негативни исходи.- Јована Малезанска – Адвокат на семејството Ангеловски

Синот на Ангеловски кој беше присутен на судењето кажа дека во неколку наврати бил исконтактиран од осудената Филиповиќ каде му искажала каење, а во однос на казната, рече дека ниту една казна нема да го врати неговиот татко, побара само возачите да бидат внимателни.

Инаку, во сообраќајна несреќа во 2020 година загина и Јелена Филиповиќ, ќерка на сега неправосилно осудената Гордана Филиповиќ кај Миладиновци, а возачот доби затворска казна од 7,5 години.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Македонец осуден на осум години затвор во Бугарија и казна од 50.000 лева

Бугарските медиуми денеска известуваат дека Окружното обвинителство во Ќустендил спроведе судски акт кој стапи на сила, со кој 34-годишниот Г.Н., државјанин на Северна Македонија,...

Охриѓанец со ЈУГО киднапирал 60-годишна жена.

На 12.08.2025 во 22:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода З.Ј.(59) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека...

Свечена владина седница по повод 24 години од Охридскиот рамковен договор

Владата денеска ќе одржи свечена седница на која ќе бидат одбележани 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. На седницата, како што најави владината...

Создавање природни човечки заби во лабораторија-Македонка на врвот на светската наука

Во свет исполнет со научни предизвици и иновации, сè поголем број Македонки се пробиваат на светската сцена, оставајќи силен белег во различни научни дисциплини...