26.9 C
Ohrid
сабота, јули 19, 2025
ПочетнаМакедонијаСлепите лица од Штип сметките за вода ќе ги добиваат на Брајово...

Слепите лица од Штип сметките за вода ќе ги добиваат на Брајово писмо

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Слепите лица од Штип кои го користат Брајовото писмо од понеделникн сметката за вода и комунален отпад од ЈП „Исар” ќе ја добиваат на Брајово писмо. Оваа одлука произлезе од денешниот настан по повод одбележување на Денот на белиот стап.

<

Претседателот на Здружение на слепи лица- Штип рече дека првпат во државата во Штип ќе се вовоеде ваква пракса слепите лица сами да може да прочитаат колку вода потрошиле и колку треба да платат.

– Со денешната средба по повод 15 октомври со Кирил Зајков се договоривме за лицата кои го познаваат Брајовото писмо и кои можат да се служат со него да ги изготвуваме месечните сметки за потрошена вода или комунални услуги на Брајово писмо за да може они самите да видат колку потрошиле, колку треба да платат и слично, вели Витанов.

Директорот на ЈП „Исар”- Штип, Кирил Зајков посочи дека ова е од големо значење и за нив.

– Ова за нас значи многу бидејќи ние сме како Јавно претпријатие насочени кон граѓаните и реализирање на сите нивни барања и ова што денеска е договорено веќе од понеделник ќе го практикуваме. Сите лица кои ќе бидат доставени од здружението до претпријатието сметките ќе бидат издвоени и ќе бидат напишани на Брајово писмо, вели Зајков.

Во однос на користењето на Брајовото писмо на документи во јавните институции, Витанов вели дека нема потреба оти многу е мал бројот на лица кои го знаат истото.

Училиштетото во Скопје каде што се изучува Брајово писмо има се помал број ученици односно лица со оштетен вид, дециден е Витанов.

Со доделување на плакети и благодарници, дружење и презентирање на проблемите, придобивките и недостатоците со кои се соочуваат слепите лица се одбележа Денот на белиот стап 15 октомври. Витанов посочи дека поголем дел од недостатоците се веќе надминати со што може полесно да функционираат и овие лица. Дециден е дека треба да се поработи дополнително на инфрастуктурата.

– Градскиот превоз слепите лица да го корситат бесплатно, со своите придружници. Друга една работа е продолжување на дислоцирање на вертикалните знаци кои се поставени на тротоарите и ни прави проблем на сите, вели Витанов.

Поголем дел од слепите лица имаат и лични асистени со што им се олеснува начинот на живот. Од ОО Црвен крст Штип посочија дека нареднииот период ќе се објави нов конкурс за обука на лични асистенти за лицата со попречености.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов додели ваучер од 15 илјади денари на Здружението на слепи лица Штип. Забележа дека се работи на прилагодување на инфрастуктурата во градот за потребите на овие лица.

Во оваа прилика Јорданов додаде дека соработката на Општина со здружението продолжува и во иднина со цел да се олесни начинот на живот на лицата со оштетен вид.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пендаровски за Лајм ТВ: Мислам дека Милошевиќ стои зад атентатот врз Глигоров

Поранешниот претседател Стево Пендаровски, во ново интервју за Лајм ТВ, зборуваше за актуелната политичка состојба во Македонија. Во интервјуто, Пендаровски изјави дека и по толку...

Од утре низ охридските улици ќе има полициски службеници од Србија.

Полициски службеници на Министерството за внатрешни работи на Србија од утре заедно со нивни колеги од македонското МВР ќе патролираат низ улиците на Охрид. Станува...

Скопјанец низ Кичево возел со 3,15 промили алкохол во крвта.

На 18.07.2025 година во 13.47 часот, на кружната крстосница „Млин“ во Кичево, лишен од слобода е Б.К.(48) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај,...

Ќерката на Гоце Тодоровски со потресна порака: „Легендо моја и македонска ниту национална пензија не ти дадоа“

Ќерката на нашата актерска легенда, Гоце Тодоровски, Сашенка Тодоровска, со потресна порака го искажа разочарувањето од третманот на нејзиниот татко, со кого пораснаа генерации. Во...