19.6 C
Ohrid
недела, август 10, 2025
ПочетнаМакедонијаГруевски за „Политика“: Многумина се плашат од моето враќање во Македонија

Груевски за „Политика“: Многумина се плашат од моето враќање во Македонија

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Мојот политички прогон трае со ист интензитет како и во минатите шест-седум години. Најголемо влијание во Обвинителството, судството и медиумите и понатаму има Зоран Заев, кој е неуморно посветен на мојот и прогонот на моите поранешни соработници, вели експремиерот Никола Груевски во интервју за српска „Политика“, одговарајќи на прашањето дали се созреани услови за негово враќање во земјава.

<

Според поранешниот премиер, кој во моментов живее во Будимпешта, постои соработка меѓу поранешниот шеф на Владата, Зоран Заев и актуелниот лидер на опозицијата, Христијан Мицкоски.

За жал, наместо да се бори да го порази Заев на политичката сцена и да помогне во запирање на неправдата која преку политички прогон ни е спроведена мене и на моите поранешни соработници, Мицкоски стана најголем сојузник со оној кој го креираше и диктира тој политички прогон. Заев направи непроценлива штета на Македонија, особено неговите ставови во врска со националните прашања, посочил Груевски.

Како што истакнува човекот кој избега од земјава, влезот на Бугарите во Уставот е помал проблем, затоа што, како што вели, потоа следуваат поголеми прашања, прашањата за идентитетот на македонскиот народ, неговара историја и јазик.

Груевски во интервјуто нагласил дека многумина во земјава се плашат од негово враќање.

-Во овој момент имаме огромен ангажман на моќници во македонската полиитка за тоа да не се случи брзо, пред се поради нивниот личен интерес и страв, истакнал експремиерот.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

,,Градоначалникот Пецаков на уникатното автомобилско шоу под охридското небо”

Вечерва, под отвореното небо на нашиот прекрасен град, се одржа третото издание на Night Car Show, каде на едно место се собраа заедно сите...

Митрополитот Иларон му го додели чинот протојереј на отец Димитар Арсовски

Во манастирот посветен на Свети Пантелејмон во селото Пантелеј, Кочанско, митрополитот Брегалнички г. Иларион одржа свечена богослужба на која му додели чин протојереј на...

Нуркач од Бугарија исчезна во водите на Охридското Езеро !!

На 09.08.2025 годна во 13.15 часот, во СВР Охрид и езерската полиција е пријавено дека, И.Т.(52) од Република Бугарија, исчезнал при нуркање на длабочина...

Не постоела наредба за приведување на директорката од Демир Хисар

Поради сомневање за кривично дело Фалсификување и уништување деловни книги, Министерството за внатрешни работи – ОВР Демир Хисар, по барање на Основното јавно обвинителство...