30.9 C
Ohrid
петок, јули 25, 2025
ПочетнаМакедонијаЖивко од кочанско се тужи со комшијата од 1985 година за меѓа-И...

Живко од кочанско се тужи со комшијата од 1985 година за меѓа-И се уште нема разрешница

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Поделбата на имотот во село Спанчево, проблем за семејството Коцеви.
Меѓата која го дели дворното место на Коцеви и нивните соседи постојано се поместува на штета на Живко и неговата сопруга. Проблемот тапка во место речси 40 години.

<

Во далечната 1985 година судски требало да се стави крај на проблемите, но денеска тие се уште чекаат разврска.

Платиле вештак за да се измери до каде местото е нивно, се напрвиле две мерења и велат сега наместо да добијат губат нов дел од својот двор. Доплнително ги изгубиле и дрвата кои како што тврдат биле нивни.

„Станува збор за меѓата, они се тужиле 1985 година и сега откако починале родителите на сопругата соседите повотрно влегуваат кон нас. Донесевме ние катастар да си измереме меѓата и има 39,65 квадрата влезено во наше место. Прво мерење не се соработувале комшиите.Дојде да мере вторпат не си стое на таа точка уште 55 сантиметри влегува кон мојот двор.“ – вели Коцев.

Коцев пред камерите на М-Нет телевизија вели дека сакал на мирен начин проблемот да се реши, ама сега е принуден да го решава по судски пат.

„Јас сакав да не одиме на Суд да се реши проблемот, комшии сме они вториот пат притиснаа го катастарот и си мерат по нивно.“ – додава Коцев.

М-Нет телевизија стапи во контакт и со вештакот кој бил на терен во село Спанчево. Во телефонски разговор вели дека вештачење е направено но и дека има писмена изјава вокоја се потврдува дека се задоволни од истото. Сепак дециден е дека вештачењето може да сеповтори.

Лаура Стојанова М-Нет

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

“Полека но сигурно, Грција станува наша”-За 5 години Македонците купиле станови во Грција за над 50 милиони евра.

Грција секоја година станува сè попривлечна за инвестирање во недвижности, а според износот Македонија е на 25-то место меѓу државите во светот чии жители...

Египќаните фрлаат шишиња со храна во морето за да стигне до Газа

Како дел од иницијативата, Египќаните полнат шишиња од еден и два литри со житарки, ориз, леќа и друга сува храна, пред да ги стават...

Грета Тунберг го посети градот Тетово

Во текот на посетата, шведската климатска активистка Грета Тунберг, заедно со претставници од Општествено-културниот центар Тетово, ја посети и новата просторија во која центарот...

Охридското езеро одзеде уште еден човечки живот.

На 24.07.2025 во 12.15 часот во ОВР Струга било пријавено дека во водите на Охридското езеро на струшкото крајбрежје било забележано безживотно тело на...