-2.9 C
Ohrid
среда, март 19, 2025
ПочетнаМакедонијаНа Македонецот дај му плата и од 2.000 евра ако сакаш, пак...

На Македонецот дај му плата и од 2.000 евра ако сакаш, пак ќе избега, а еве и зошто……

spot_img

Дај му плата и од 2.000 евра ако сакаш, пак ќе избега!
Млад, здрав, прав, умен, избегал во странство за да печали пари?

<

– Бега од нашите училишта каде внукот на директорката има повеќе петки од него, иако не знае да гукне, а самиот тој знае повеќе од учителката.
– Бега од нашите општини каде да го видиш градоначалникот за да му се пожалиш е еднакво на барањето да го видиш Господ.
– Бега од нашите конкурси за работа на кои синот на директорот со трето одделение ќе го примат наместо него со диплома од факултет.
– Бега од нашите болници каде чека со саати, каде го фрлаат да лежи на кревет покриен со партали и каде оди во ве-це кое го држат под клуч, нема тоалетна хартија, нема сапун и нема вода. Повеќе личи на хорор филм, отколку на болница.
– Бега од нашите шалтери каде некултурни се буткаат преку ред, а дотраени и дрски работници го услужуваат од другата страна.
– Бега од нашите марќети каде продавачките секогаш несакајќи грешат во куцање со еден артикал повеќе, никогаш помалку.
– Бега од нашите служби каде пред нос луѓе со врски се пикаат пред него во канцеларија, додека тој чека со бројчето во рака.
– Бега од нашите судови каде плаќа казна за фрлено влажно марамче на улица во една судница, додека во другата ослободуваат човек кој ја претепал жена му.
– Бега од нашите институции каде не може да поднесе да работи додека му шефуваат неписмени шефови, а некој друг седи дома и зема плата за истата (не)работа.
– Бега од валканите улици…
– Бега од уличните кучиња…
– Бега од патеките без корпи за отпадоци…
– Бега од преполнетите контејнери…
– Бега од затруеноста со политика…
– Бега од коцкарниците и обложувалниците…
– Бега од лажливите политичари…
– Бега од отровниот воздух…
– Бега од малограѓанштина…
– Бега од мито и корупција…
– Бега од отсуство на морал…
– Бега од селективна казнивост…
– Бега од неодговорност…
– Бега од лаги…
– Бега од измами…
– Бега од неправда…
БЕГА од се! Зошто сака да се чувствува корисен, да почитува закони во држава во која сите ги почитуваат и имаат еднаков третман, зошто сака да биде почитуван и продуктивен, некој да му го вреднува вистински она што го знае и умее. Не бега само во потрага по пари, бега во потрага по нормален живот и сопствена иднина! Бега зошто е свесен дека во оваа држава тоа не го може! Дај му плата и од 3.000 евра ако сакаш, пак ќе избега!

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Граѓаните на Нови Сад ќе донираат 10 милиони динари (над 80.000 евра) за помош на семејствата на загинатите во пожарот во дискотека во Кочани

Граѓаните на Нови Сад ќе донираат 10 милиони динари (колу 5 милиони денари) за помош на семејствата на загинатите во пожарот во дискотека во...

Татко-полицаец од „Пулс“ го извади починатиот син, колегите му го земаа пиштолот да не направи нешто лошо

Во Кочани ништо повеќе нема да биде исто по страшната трагедија кога во дискотеката „Пулс“ загинаа 59 млади луѓе, а градот остана во целосен...

МВР воведе активна забрана за летање на дронови во Кочани и Штип

Соопштение Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните и сите корисници на воздухоплови без екипаж (дронови) дека од страна на Агенцијата за цивилно воздухопловство е...

Притвор од 48 часа за Бектеши, Трајковски и уште 14 осомничени лица

Притвор од 48 часа за екс министерот Крешник Бектеши и за поранешните директори на Државниот пазарен инспекторат и на Дирекцијата за заштита и...