5 C
Ohrid
вторник, ноември 12, 2024
ПочетнаМакедонијаМухамед Зеќири ослободен од притвор и доби преквалфикација на делото поради измените...

Мухамед Зеќири ослободен од притвор и доби преквалфикација на делото поради измените во Кривичниот законик

Судењето против поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири, започна од почеток, откако јавната обвинителка на денешното рочиште во Основниот Кривичен суд го трансформираше поднесениот обвинителен акт во обвинителен предлог, согласно измените на Кривичниот законик.
Поднесениот обвинителен акт е трансформиран во обвинителен предлог согласно измените на Кривичниот закон од септември 2023, кои што предвидуваат поблаго казнување за обвинетиот. Врз основа на тоа е извршена измена на диспозитивот на сега поднесениот обвинителен предлог во делот на опфатот на законските елементи на кривичното дело кое му се става на товар, образложи обвинителката.

Согласно сега поднесениот обвинителен предлог, на поранешниот генерален секретар Зеќири му се става на товар делото „злоупотреба на службена положба и овластување“ – 353 став 4 кој предвидува казна затвор од 1 до 5 години, за разлика од претходно, кога му се ставаше на товар истиот член под став 5, кој предвидуваше минимална казна затвор од 5 години.

Дополнително, согласно измените на КЗ, сега процесот ќе се води по скратена постапка, според член 470 од Законот за кривична постапка, кој вели дека делата за кои е пропишана казна затвор до пет години, се водат по скратена постапка. Исто така, предметот отсега ќе го води судија поединец, бидејќи за кривични дела за кои како главна казна е пропишана парична казна или казна затвор до пет години, според ЗКП, во прв степен суди судија поединец.

По повторното отпочнување на постапката, обвинителката го дополни доказниот материјал во делот со конфискација, додека одбраната побара повторно сослушување на сведокот Кире Костов.

На денешното рочиште, поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири, изјави дека не се чувствува за виновен за делото кое му се става на товар, а постапката продолжи со испитување на сведок на предлог на одбраната, сопруга на поранешниот генерален секретар, Бисера Зеќири.

Таа беше испитувана во однос на нејзиниот сеф, работите што ги чувала таму, како и навратите кога пристапувала до него.

Воедно, денеска беше укината и мерката притвор на Зеќири која беше заменета со мерки на претпазливост. Со мерките, Зеќири ќе треба секоја среда да се пријавува во судот, а ќе му биде одземена и патната исправа.

По ова прашање се произнесе јавната обвинителка, која посочи дека веќе не постојат законски основи за продолжување на мерката притвор.

– Со оглед на фактот што во конкретниов случај против обвинетиот се води скратена постапка согласно член 470 од ЗКП, мерката притвор може да трае најмногу 60 дена од денот на поднесување на обвинението. Со оглед на таквата фактичка состојба, наоѓам дека во конкретниов случај веќе не постојат законски основи за продолжување на предложената мерка поради што предлагам истата да биде укината. Но, воедно предлагам заради обезбедување на обвинетиот и непречено судење, да му бидат определени мерки на претпазливост кои што би се состоеле во ненапуштање на живеалиштето, редовно пријавување и одземање на патната исправа, рече таа.

Со тоа обвинетиот со одлука на судијката беше пуштен да се брани од слобода, под горенаведените мерки на претпазливост.

Обвинителството го товари Мухамед Зеќири дека во својство на генерален секретар на Владата, без да спроведе јавна набавка, склучил договори за консултантски услуги со фирма во вкупна вредност од речиси еден милион евра, односно биле платени 147.000 евра повеќе од претходно договорените 795.000.

Процесот го води судијката Фанка Јанчулева Михаиловска, а застапник на обвинението е обвинителката Катерина Коларевиќ. Судењето продолжува на 7 ноември.
А1он

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Косовскиот тренер суспендиран затоа што и удри шамар на ќерка си по поразот од Србинка

Европската теквондо федерација му изрече шестмесечна суспензија на селекторот на Косово, Ваљмир Фетиу, поради инцидентот што се случи на Европското првенство во Тирана, кога...

Семејно насилство во Скопје: Жена си ги истепала сопругот па потоа му привлегла и на свекорот!

На 10.11.2024 во 13.00 часот во СВР Скопје, 45-годишен маж пријавил дека на 08.11.2024 околу 23.00 часот во семејниот дом во скопско, тој и...

Велешанец кога ја здогледал полицијата ја проголтал дрогата, при што веднаш бил одведен на болница..

Околу 09.00 часот, Ѓ.Д. бил затекнат како му продава две пакувања со кафена прашкаста материја на М.Т., кој пак ги проголтал пакувањата откако ги...

Галетановски: Вчера пешачев низ Aеродром, горчеше тоа што дишев и дома плукав црно.

Ѓорѓи Галетановски, екс директор на ЗОО и претседател на скопскиот огранок на СДСМ, се огласи на својто фејсбук профил по повод аерозагадувањето во Скопје...