14.9 C
Ohrid
сабота, мај 4, 2024
ПочетнаМакедонијаСцена како од филм: Штекли земал туѓо возило за да го спаси...

Сцена како од филм: Штекли земал туѓо возило за да го спаси младото момче кое случајно се нашло до него – се онесвестил кога стасал во болница, го спасил од сигурна смрт

spot_imgspot_img

Она што вчера се случуваше во Ист Гејт Мол може слободно да биде транскрибирано во филмско сценарио на кое и најголемите холивудски блокбастери можат да подзавидат.

Како што вчера објави Инфомакс во престрелката во Ист Гејт повредени се две лица, а мета на нападот бил Раде Трајковски-Штекли. На нив било пукано со автоматски пиштол „Шкорпион“ од зад грб што беше потврдено од објавеното видео на социјалните мрежи.
Како што дознава редакцијата, Штекли бил погоден во предлог на градите, но и покрај тешката повреда со која се здобил останал свесен и сторил се за да го спаси момчето кое случајно се нашло со него.

Имено Штекли вежбал во теретаната во Ист Гејт каде што по втор пат се случува обид за негово убиство, а со момчето кое е потешко повредено случајно се сретнал во фитнес клубот.

Штекли откако прекинало пукањето го зел во раце момчето кое било потешко рането и во безсознание и во целата ситуација не можејќи да го најде својот автомобил зел охридско БМВ кое било оставено во пералната во Ист Гејт.

Веднаш потоа се упатил кон градската болница каде само што стасал се онесвестил од тешките рани кои и самиот ги претрпел.

Реалноста е дека Штекли го спасил неговиот живот и му дал шанса за да се избори бидејќи ако се чекало на амбуланта момчето сигурно ќе починело.

По вчерашните операции, двајцата ранети во трговскиот центар „Ист гејт“ се во релативно стабилна состојба, сместени на интензивна нега. Во полоша состојба е придружникот на Раде Трајковски-Штекли. Придружникот вчера беше опериран на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ и неговата состојба е сè уште животозагрозувачка.

„Пациентот е во релативно стабилна состојба по операциите. Сместен е на интензивна нега и сè уште е на апарати. Беше донесен искрвавен и со сериозни повреди во стомакот, градниот кош, белиот дроб, црниот дроб и по опсежна интервенција, состојбата е стабилизирана, но сè уште е во животна опасност. Се работи за 24-годишно момче кај кое, најверојатно, ќе треба уште една операција“, вели Љубен Арсенков, директор на Клиниката за хируршки болести „Св. наум Охридски“ за „Макфакс“.

Состојбата на Штекли, кој, неофицијално, бил цел на напаѓачот, според директорот на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија, Неџати Јакупи, е подобра. И тој закрепнува по вчерашните интервенции на неколку органи.

„Пациентот е стабилен, со спонтано дишење, свесен и контактибилен. Имаше опсежна интервенција на левото белодробно крило, кое е извадено, и третман на прострелна рана на десното рамо. Сместен е на интензивна нега и состојбата постојано му се следи“, изјави директорот Јакупи за „Макфакс“.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Гоцевата дружина- Објавена е уште една непозната фотографија од македонската историја

Истражувачите Диме Ратајковски и Душко Дуле Апостолски по повод годишнината од смртта на македонскиот револуционер и идеолог Гоце Делчев, за првпат од нивната приватна...

Давкова: Никој нема право да се откажува од апостолот на македонската револуционерна борба Гоце Делчев!

Никој нема право да се откажува од апостолот на македонската револуционерна борба Гоце Делчев! Никогаш нема да дозволиме некој во наше име да ја...

Полицаец со двајца другари киднапирале скопјанец, му се заканиле дека ќе го убијат него и неговиот татко

Полицаец, заедно со уште двајца скопјани, се осомничени за грабнување и разбојништво, бидејќи киднапирале маж, а откако го повредиле, му се заканиле дека ќе...

Македонија одбележува 121 година од смртта на револуционерот и борец за слобода Гоце Делчев.

Македонија одбележува 121 година од смртта на револуционерот и борец за слобода Гоце Делчев. По тој повод, делегации и граѓани ќе положат цвеќе пред...