23.9 C
Ohrid
недела, јули 20, 2025
ПочетнаМакедонијаПочина кумановскиот бездомник Сефедин Куртиши-Лежеше болен и неподвижен под отворено небо и...

Почина кумановскиот бездомник Сефедин Куртиши-Лежеше болен и неподвижен под отворено небо и на ниски температури

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Сефедин Куртиши (56) бил пронајден мртов во текот на вчерашниот ден во кругот на кумановската Општа болница. Како што објави порталот сдк.мк, тој во петокот го напуштил Психијатриското одделение и, со нарушено здравје и запуштен изглед, останал под отворено небо на ниските температури.

<

„Во 07:20 часот во СВР Куманово било пријавено дека во кругот на Општа болница Куманово бил пронајден починат С.К. (56), бездомник од Куманово. По овластување на Јавен обвинител, полициски службеници извршиле увид, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на претпријатие за погребални услуги“, стои во извештајот на МВР.

По налог на Јавен обвинител, телото на Куртиши, сепак, е предадено на обдукција за утврдување на причините за неговата смрт, информираат од Основното јавно обвинителство во Куманово.

Куртиши беше без лични документи, ниту, пак, имаше кој да му помогне, додека институциите си префрлаа одговорност околу надлежностите за постапување во неговиот случај. Апелот на соседите и медиумскиот притисок, сепак, даде резултат, па тој беше примен на лекување во кумановската болница. Притоа му беа извадени и лични документи за остварување на правото на социјална помош во Центарот за социјални работи во Куманово.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Денеска се празнува Светата великомаченичка Недела

Во времето на христоборните цареви Диоклецијан и Максимијан во Анадолија живееја две побожни стари души, Доротеј и Евсевија. Беа побожни христијани, богати, но и...

Пендаровски за Лајм ТВ: Мислам дека Милошевиќ стои зад атентатот врз Глигоров

Поранешниот претседател Стево Пендаровски, во ново интервју за Лајм ТВ, зборуваше за актуелната политичка состојба во Македонија. Во интервјуто, Пендаровски изјави дека и по толку...

Од утре низ охридските улици ќе има полициски службеници од Србија.

Полициски службеници на Министерството за внатрешни работи на Србија од утре заедно со нивни колеги од македонското МВР ќе патролираат низ улиците на Охрид. Станува...

Скопјанец низ Кичево возел со 3,15 промили алкохол во крвта.

На 18.07.2025 година во 13.47 часот, на кружната крстосница „Млин“ во Кичево, лишен од слобода е Б.К.(48) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај,...