19.9 C
Ohrid
петок, август 8, 2025
ПочетнаМакедонијаСекој месец најмалку 15 полицајци ја напуштат полицијата, покажуваат статистиките на Независниот...

Секој месец најмалку 15 полицајци ја напуштат полицијата, покажуваат статистиките на Независниот синдикат на полицијата

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Ако порано секој сакаше да работи како полицаец, сега најмалку 15 полициски службеници месечно ја оставаат полициската униформа, покажуваат статистиките на Независниот синдикат на полицијата. Претседателот Гоце Делчев Тодев, кој беше гостин во емисијата „Зум анализа“ вели дека ако се направи анализа само во СВР Штип, од 20 полициски службеници, ќе најдете 21 различна униформа. Додава дека тоа говори за ненавременото покренување постапки за сите потреби на полициските службеници, не само за униформите, туку и за храната за ноќна смена, опремата за полициските станици, а ја покажува катастрофалната состојба во овој сектор.

<

„По наша статистика, 15 полициски службеници месечно заминуваат и ја напуштаат полицијата, односно државата. Тоа значи дека за десет месеца веќе се заминати 150 службеници. Бројките на конкурсите за апликација за обуките во Идризово се доволен показател дека интегритетот на полициската работа е до таму падната“, вели Делчев Тодев.

Независниот синдикат минатиот викенд протестираше во Штип, а денеска продолжува во Струмица. Од протестниот караван полицајците бараат минимална казна затвор за напад на полициски службеник. Претседателот Делчев Тодев упати и директен апел до министерот Спасовски и пратениците во македонското Собрание.

„Така што, господине Министер, ова што го кажувам Х пати сум го кажал, ама, еве, и од Штип ќе ви го кажам, сфатете нѐ сериозно, затоа што работата е уште посериозна. И од вашата емисија ќе ги повика и пратениците од опозиција, и пратениците од позиција, и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, а и Левица, кога ќе дојде моментот овој закон да дојде процедурално до одредени комисии на рамките на Собранието, да го запомнат ова што го зборувам за доброто на самите нив како пратеници, бидејќи нема да бидат вечно пратеници“, порача Делчев Тодев.

Делчев Тодев во емисијата „Зум анализа“ напомена и дека важен фактор во лошата состојба во полициското работење се честите напади на полициските службеници, како и ниските плати кои, според него, се засрамувачи ако се земат предвид платите во некои други сектори.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Штипјанец синоќа ја убил мајка си во домот.

Штипјанец синоќа ја убил мајка си во домот. Според информации на М Нет-ТВ лицето било во алкохолизирана состојба, а се уште не е јасен...

352 лица ја минаа дводневната обука за пожарникари, утре ќе потпишат договори за работен ангажман

На јавниот повик на Владата во врска со активната мерка од оперативниот план за 2025, јавни работи за заштита и превенција од пожари и...

Се поставуваат камери на автопатот Кичево – Охрид: Ќе следи казна за брзо возење

Од денес, на трасата на автопатот Кичево - Охрид, официјално се поставуваат нови камери за мерење брзина и казнување на прекршители. Камерите се поставуваат на...

Коце Трајаноски за автопатот Кичево Охрид: Ветувањата се за да се исполнат

Ветувањата се за да се исполнат❗️ А, за да ги исполниме треба да работиме со полна пареа❗️ Токму така, со полна пареа, се работи и се...