30.9 C
Ohrid
недела, јули 20, 2025
ПочетнаМакедонија1.000 долари од битолските иселеници во Мелбурн, Австралија- За Светскиот ден на...

1.000 долари од битолските иселеници во Мелбурн, Австралија- За Светскиот ден на дијабетесот во Битола

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

14 ноември е светскиот ден на дијабетесот, а Здружението на дијабетичари на Општина Битола по овој повод доби донација од 1.000 австралиски долари од Bitola Social Club – заедницата на битолските иселеници во Мелбурн, Австралија.
Овој активен клуб, кој претставува жива заедница на иселениците во Австралија со потекло од Битола, подаде рака на помош нагласувајќи ги силните врски и заедничките вредности на глобалната битолска заедница.

<

„Нашите корени и врски со Битола остануваат силни, без разлика каде сме во светот. Оваа донација е доказ за нашата постојана посветеност да поддржуваме важни каузи во нашиот роден град. Привилегија е да се придонесе за здравјето и благосостојбата на нашите сограѓани битолчани кои живеат со дијабетес, а поводот беше причина повеќе“ – истакна Ангеле Ангеловски еден од членовите на Bitola Social Club.

Душанка Атанасовска, претседателка на Здружението на дијабетичари во Битола, вчера на симболичното предавање на донацијата на Широк Сокак, од страна на Проф. Д-р Борис Ангелков, кој во име на донаторите го додели чекот, изрази длабока увереност дека е ова само еден од потезите на нашите битолчани во Мелбурн, како израз на љубов и почит кон својот роден град.

„Оваа донација е повеќе од само финансиски придонес, таа е симбол на надеж и солидарност. Со овој гест, нашите битолчани од Мелбурн прават значителна разлика во секојдневното соочување со дијабетесот за нашите членови. И бескрајно како здружение сме благодарни“ – истакна Проф. Д-р Ангелков.

Со донацијата Здружението на дијабетичари од Оптшина Битола има зацртано сеопфатен план за ефективно искористување на средствата на следниот начин: Креирање и активирање веб портал, како платформа која ќе служи за информации, ресурси и поддршка на заедницата, олеснувајќи подобра комуникација и ангажман меѓу членовите и пошироката заедница. Со дел од донацијата ќе се подготви и стручна литература фокусирана на здрав начин на живот и психосоцијална поддршка за дијабетичарите од Битола, со цел да донесе ажурирани информации и насоки за членовите и нивните семејства. Исто така планирана е и набавка и дистрибуција на неколку напредни сензори, уреди и мерни ленти за ранливите групи на наши сограѓани со дијабетес. Тие ќе бидат доделени на најактивно вклучените членови, помагајќи им во нивното секојдневно управување со дијабетесот и промовирајќи подобри здравствени резултати.

Оваа донација од Bitola Social Club во Мелбурн е извонреден пример за меѓународна соработка и дух на заедницата. Тоа не само што материјално придонесува за напорите на Здружението кон своите членови, туку и ги зајакнува културните и емоционалните врски меѓу битолчаните ширум светот.

Љубица Ангелкова babambitola

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...

Градоначалникот Пецаков и пратеникот Сашо Донев, на чествување на Св. Недела во село Плаќе.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, заедно со пратеникот Сашо Донев, секретарот на Општина Охрид Александар Китески и бројни верници, денес присуствуваа на одбележувањето на...

Денеска се празнува Светата великомаченичка Недела

Во времето на христоборните цареви Диоклецијан и Максимијан во Анадолија живееја две побожни стари души, Доротеј и Евсевија. Беа побожни христијани, богати, но и...

Пендаровски за Лајм ТВ: Мислам дека Милошевиќ стои зад атентатот врз Глигоров

Поранешниот претседател Стево Пендаровски, во ново интервју за Лајм ТВ, зборуваше за актуелната политичка состојба во Македонија. Во интервјуто, Пендаровски изјави дека и по толку...