26.9 C
Ohrid
петок, август 1, 2025
ПочетнаМакедонијаПолицајците се плашат да го употребат пендрeкот или оружјето при работа –...

Полицајците се плашат да го употребат пендрeкот или оружјето при работа – Вели експертот за безбедност, Љубомир Ѓурчески.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Откако „пајакот ја удри полицајката“ безбедноста во Македонија е нарушена, а полицајците се плашат да го употребат пендрeкот или оружјето при работа – Вели експертот за безбедност, Љубомир Ѓурчески, откако полициските синдикати на протести порачаа дека не се чуствуваат безбедно.

<

Па се поставува прашањето, ако полицијата во Македонија не е безбедна, што е со граѓаните? – Поранешниот началник Ѓурчески вели дека од 2017та досега, енормно се зголемени нападите врз полициските службеници, а тоа се должи на високиот степен на корупција и криминалните групи кои имаат свои луѓе на високи раководни структури во МВР.

„Од оној случај со нападот на полицајката и удирање од пајакот и непреземањето на соодветни мерки на сторителот на тоа дело почнаа енормно да се зголемуваат бројот на нападаите на полциските службеници. За 300% се зголемени овие кривични дела во периодот од 2017 до денес, затоа јас често пати кажуцвам дека во министерството за внатрешни работи некој треба да си преземе многу голема политичка, морална па дури и ако треба, соодветна кривична одговорност.“ – Појаснува Ѓурчески.
Македонската јавност се почесто е сведок на насилие против безбедносните служби. Криминалци напаѓаат полицајци со солзавец и тоа во станици, неколку пати се палат автомобили на полициски началници, а тука не изостануваат ниту мафијашките престрелки во кафулиња и трговски центри, убиства, кражби и разбојништва.

Екс-полицискиот началник Ѓурчевски, смета дека причината за ова е затоа што нема соодветна заштита на полициските службеници, тие се плашат да употребат сила во самоодбраназатоа што се соочуваат прогон од службата за внатрешнана контрола.

„Се создаде еден сектор кој што има за цел да врши тортура врз полициските службеници и да претставува еден вид закана за примена на средства за присилба со кои што се овластени полициските службеници да ги употребуваат во вршењето на службените задачи и тука се создаде кај нив еден страв, иако знаат дека треба да употребаат одредени законски овластувања, не ги употребуваат, се повлекуваат полициските службеници со што се нарушува безбедноста.“ – Вели тој.
За зачестените акции во затворите и постојаните поплаки на затворските служби дека не се безбедни, Ѓурчевски вели оти се должат на организирани криминални групи, кои преку корупција, уцени и закани, имаат преземено голем дел од контролата врз затворите и нивната управа.

Тој решението го гледа во реформа на службата за внатрешна контрола, како и во подобрување на економкскиот и социјалниот статус на вработените во министерството за внатрешни работи.

Никола Цветкоски Алфа

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Николоски: Млади лица ќе се обучуваат за пилоти со државно кофинансирање

Агенцијата за цивилно воздухопловство почна кофинансирање од 50 проценти на почетнички обуки на пилотски кадар од кој има сериозен недостаток. На првиот повик објавен...

МВР го бара со меѓународна потерница, а тој се шета низ Скопје?!

Љупчо Пецов Ѓаволот, познато име во обвинителско-судската евиденција, кој е осомничен во случајот „Синџир“ и за кого постапката беше прекината бидејќи беше во бегство,...

Шоферот што ја усмрти жената во Неготино, имал 99% слепило !!

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинение против лице кое, и покрај тоа што имало 99% попреченост на видот, управувало товарно возило и усмртило жена...

Трамп ја намали царината за Македонија – сега е 15 отсто, исто како за ЕУ

Американскиот претседател Доналд Трамп воведе високи тарифи за извоз од десетици трговски партнери, вклучувајќи ги Канада, Бразил, Индија и Тајван, а наредбата воведува стапки...