19.9 C
Ohrid
вторник, јули 15, 2025
ПочетнаМакедонијаУште една убава вест: Се рехабилитира патот до домот на семејството Спасевски...

Уште една убава вест: Се рехабилитира патот до домот на семејството Спасевски – дечињата ќе можат непречено да патуваат до своето училиште

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во делчевското село Илиово се рехабилитира земјениот пат кој води кон Марковско Маало во с.Илиово и домот на семејството Спасевски, чии три дечиња поради лошите услови во изминатиот период не одеа на училиште. Увид на лице место денес направи градоначалникот на Делчево Горан Трајковски, кој рече дека Општината ги презема сите потребни мерки и активности за да овозможи соодветна сообраќајна поврзаност и на најоддалечените и критичните терени во Општината.

<

-Во моментот интензивно се работи на рехабилитација на земјениот пристапен пат до општинскиот пат Л-10 во с. Илиово кој води до куќата на семејството Спасевски во Марковско Маало. Оваа интервенција треба да ја подобри сообраќајната комуникација до Марковско Маало и да овозможи соодветни услови за превоз на учениците, како и на жителите кои гравитираат на овој дел од селото, рече Трајковски.

Рехабилитацијата како што додаде се врши во предвидена должина од 4 км, а опфаќа проширување на планинскиот пат, порамнување и поставување тампон на критичните места од патот.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Со потврда од матичен лекар, невработените до четврток можат да се пријават за гаснење пожари

400 невработени лица за помош при гаснење пожари на Владата е отворен до четврток, потсети денес Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и...

Командант “БАРУТИ” од домашен, оди во затворски притвор !!!

Кривичниот суд денеска одлучи да му се замени домашниот со затворски притвор на напаѓачот на скопската градоначалничка Арсовска. „Имено, С.Љ. осомничен за кривичното дело Насилство...

За прв пат во Македонија изречена казна затвор за убиство на Куче !!!

Кривичниот суд денеска ги осуди Љубе Крстевски и Бранко Билбиловски за убиството на кучето Феликс, кое почина на 7 јануари 2025 година од последици...

Кривична пријава за доктор од Струга.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против К.С.(42) од Струга, лекар во Општа болница во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело...