12.9 C
Ohrid
петок, април 25, 2025
ПочетнаМакедонијаЧичко Васил Ангеловски: Кога имав пари, имав и пријатели, сега кога немам...

Чичко Васил Ангеловски: Кога имав пари, имав и пријатели, сега кога немам ништо никој не ми се јавува

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Никој не замислува живот со проблеми и трауми. Не го замислувал ниту Васил Ангеловски кој од своја 9 годишна возраст со семејството се преселил од Петровец во Трубарево и таму ќе го помине и детството и младоста, вели чичко Васил бо емисијата Срце на Дланка.

<

Планирал и староста, но, плановите ќе му ги попречи страшниот пожар кој се случил пред еден месец и во кој до пепел горат сите негови планови, но, и спомени. Васил работи како пекар во една скопска пекара и во моментот на несреќата бил на работното место. Тежок бил патот од работа до дома надевајќи се дека сето тоа е шега сервирана од соседите, но, сликата со пожарните возила кога стигнал очигледно ќе му докажат дека тоа е сурова вистина и судбина со која веќе ќе мора сам да се соочи и бори. И, еден месец после несреќата после работа Васил доаѓа дома и разговара тивко со остатоците од некогашниот дом. Се присетува на моментите минати во него, но, и потајно како да си ветува дека ќе побара помош за обновување на домот кој повторно ќе се издигне како некогаш зашто сепак постојат добри и хумани граѓани кој сочувствуваат со маката на овој несреќен човек.
Васил е средновечен човек кој е роден и пораснат во Скопје. Од 9 години се сели од Петровец во Трубарево каде ќе го мине детството, младоста, каде ќе основа семејство, каде ќе се разведе и каде последните месеци имал мирен осамен живот. Работи како пекар само трета смена и една ноќ вршејќи ги секојдневните работни адачи добива повик од соседите дека неговиот дом е во пламен. На првиот повик не бил сигурен и верувал дека е шега, на вториот повик од соседите веќе тргнал накај дома за да види што е работата. Но, сликата со пожарните возила и чадот и пламенот му докажале дека сето тоа е вистина и дека веќе започнува битката со изградба на старо новиот дом.
-Заминав таа вечер на работа, трета смена дека сум бурекџија и некаде околку 2 часот по полноќ ми ѕвонат соседите, викаат ти гори куќата. Помислив дека се шегуваат, но, кога и други ми го потврдија тоа, се напив апчиња и заминав веднаш дома. Кога ги видов пожарните возила се ми беше јасно. И, еве гледате до ден денес од мојот дом има само пепел- започнува да раскажува Васил.
И, еден месец после несреќата васил секој ден доаѓа на местото на некогашниот дом и се присетува што каде стоело. Се бори со спомените додека деновите ги минува во една мала шупа со еден кревет која му ја отстапиле добрите соседи за да има каде да ја помине зимата. И, верува дека сето ова е остане само еден лош сон и дека повторно се ќе си дојде на свое место зашто сепак има хумани и добри граѓани кои ќе му помогнат во остварување на целта.
-Никогаш не сум барал помош. И, немаше да барам да не се случеше ова. Само тој што доживеал знае што значи да изгубиш се за миг. Но, иако сега спијам во импровизирана просторија верувам дека еден ден повторно ќе го издигнам домот и дека ќе живеам мирно како до сега-завршува Васил.
Eдна од најтажните реченици кои може човекот да ги рече се: Сиот живот го потрошив за овој дом и пријатели, а сега кога најмногу ми треба помош немам никој до себе. Немам ниту каде да ја ставам преморената глава. Но, животот не може да го планираме за утре. Денес е се што имаме. И, колку пари и да имаме денешниот ден не можеме да го вратиме. Но, можеме да ја вратиме надежта на луѓето кои се во неволја зашто хуманоста и епматијата се се што ни дава да се чувствуваме како добри луѓе.
СРЦЕ НА ДЛАНКА

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кумановска компанија донираше амбулантско возило за болницата во Куманово !!

Општа болница Куманово денеска доби донација, едно амбулантно возило од кумановска компанија. На примопредавањето на донацијата присуствуваше Министерот за здравство Арбен Таравари. Министерот кажа дека...

Спикерот Гаши се „зачлени“ во библиотека

Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска повторно се „зачлени“ во библиотеката „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Ова следуваше по топлиот пречек при посетата на оваа...

Симона Стојкова се огласи на Фејсбук: Објавата е лажна, не сум исчезната!

Симона Стојкова – жената по која цела држава трагаше, воопшто не ни била пријавена за исчезната во полициска станица. Таа ноќеска се огласи на својот...

Исчезнувањето на Симона не е пријавено во МВР!

Дали Симона, поради чие наводно исчезнување се крена земјата на нозе, навистина е исчезната? Официјално, барем до сега, никој не пријавил исчезнување на лице...