21.7 C
Ohrid
понеделник, јули 14, 2025
ПочетнаМакедонијаКристина од Скопје: Мамо зошто си ме родила да се мачам и...

Кристина од Скопје: Мамо зошто си ме родила да се мачам и јас и ти, бар да имам другарки како и сите други деца

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Катерина Митровска веќе 17 години е мајка на дете со многу ретка болест. Немо синдром во нашата држава има само Кристина, а вкупно четири деца во светот се со оваа болест. И, покрај огромната желба на Катерина после два сина да добие ќерка, еден ден тоа се остварува, не претпоставувајќи дека тежок пат и многу откажувања sе пред целото семејство. Долги години се бореле со настинки, воспаленија, болки на кои докторите во нашата земја не им било јасно од каде и како настануваат.

<

Среќа пред пет години едно медицинско лице дознало дека во Америка има болница во која третираат деца со слични симптоми како на Кристина, па тогаш за првпат со куфер полни надежи дека набрзо од таму ќе се врати здрава и жива, подигнуваат кредит и заминуваат на долгиот пат. За среќа тоа било вистинското место, но, за жал лечењето не одело така лесно како што мислеле. Веќе пет години, потрошени, измалтретирани оваа мајка и ќерка на секои три месеци летаат за Америка и веруваат во невозможното. Но, повеќе не можат.

Иако , Катерина бидејќи преку ден и е потребна на својата ќерка мора да работи само трета смена, не успева да ги собере потребните средства и да ги затвори веќе и онака големите суми на подигнати кредити. А, денот носи непредвидливи ситуаци и чести болки на младата Христина.. Од главоболки, болки во нозете, до чести воспаленија и болки во бубрезите. Не се знае кога и што ќе биде следно – ќе рече Катерина со солзи во очите. Но, до последно ќе се борам за мојата принцеза и нема да прекинам со лекувањето кое е единствен спас за моето девојче. А, таа младата Кики, позитивна како да е најздравото дете на свет, сеуште со сјај во очите ќе рече можеби подобро ќе било да не сум се родела да не се мачам ниту јас, ниту мама. Но, тука сум, и замолувам помогнете ми да оздравам и да бидам среќна исто како вас!!

Од храбра и позитивна мајка не може да не се роди уште похрабро и попозитивно дете. И, веројатно не случајно се рекло дека најтешките битки се дадени на најсилните луѓе. Тешка битка веќе 17 години води Катерина, која откако родила два сина имала преголема желба да добие и една принцеза. За жал малата Кристина која се раѓа токму на Божиќ, од својата три годишна возраст ќе започне да се разболува од болест не позната доволно ниту за медицината. Тоа е тешко за неа како мало девојче, а уште повеќе за семејството кое не знае како да помогне.

И, додека другите деца растат, Кики останува да се бори, повеќе низ болничките ходници отколку на детските игралишта, повеќе со иглите наместо со играчките, се до пред пет години кога еден доктор од нашата земја не дознава дека ретките болести за кои кај нас не се знае ги лечат и третираат во една американска болница и им помага да заминат на Кики и нејзината мајка. Тука и започнува нивното ново патешествие. Полни со надеж дека се гледа крајот на проблемот на Кристина, но, и почеток на едно ново поглавје во кое на секои три месеци мораат да се обезбедат средства за пат за Америка.

Христина се роди како здраво дете. После два сина си реков сакам да родам и една принцеза. Господ ми ја подари, но од три годишна возраст многу почна да се разболува и постојано бевме по болници. Докторите не знаеа што да направат и каде да не упатат. Пред пет години еден доктор случајно дознал дека во Америка третираат вакви случаи и отидовме во Вашингтон со надеж дека наскоро моето девојче ќе се врати здраво. Сепак тој период е долг, на секои три месеци одиме на тој тежок пат за нас и Христина е се полошо и полошо. А, финансиски веќе сме многу исцрпени- започнува Катерина да раскажува за својата ќерка.

Денес, Кристина има неполни 17 години. Го сака животот и се што тој и нуди. Го сака другарството и сака да прави се што младите на таа возраст сакаат да прават. За жал, освен семејството нема никој. Нема кому да ја каже маката и проблемите освен на најблиските. А, толку посакува другарки со кои би се дружела секојдневно.
Доколку сакате да помогнете на ова семесјтво да продолжи со лекувањето тоа можете да го направите на броевите за донации 143183 А1 и 143506 Телеком,

Од странство: Str. Aleksandar Makedonski n.o. br 46a,
IBAN> Mk07200.0041285798.55
account: 200.0041285798.55
SWIFT: 100BSTOBMK2X
STOPANSKA BANKA AD SKOPJE
11 OKTOMVRI N.O. 7 NORTH MACEDONIA
како и на нивната трансакциска сметка 200003281030036 Стопанска банка
Извор: Срце на Дланка Видео Тука

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски: Ако беше лесно сигурно немаше да бидеме избрани од народот ние. (ВИДЕО)

Премиерот Мицкоски објави видео од него и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николовски од првата делница од долгоочекуваниот автопат Кичево – Охрид со...

Во 2027 година автопатот Кичево Охрид ќе биде целосно завршен и пуштен- За мецес дена ќе бидат пуштени уште 18км!!!

За околу месец и пол премиерот Христијан Мицкоски очекува во употреба да бидат пуштени уште 18 километри од автопатот Кичево- Охрид. Со нив и...

Голем пожар во Злокуќани: Зафатени шест куќи, 7 лица побарале лекарска помош!

Голем пожар избувна вчера вечер околу 20 часот во скопската населба Злокуќани, при што беа зафатени три куќи на улицата „Скупи“. Пожарот, кој првично започнал...

Жителите на Песочани, Ново Село, и Црвена Вода, прашуваат кога ќе се изградат пристапните патишта?

По вчерашното пуштање во употреба на дел од Автопатот Кичево-Охрид,делницата Врбјани-Ботун,по нивно барање денес остварив средба со група граѓани од населените места Песочани, Ново...