28.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаГолема полициска акција: На влезот во Гостивар запленета дрога вредна 120 илјади...

Голема полициска акција: На влезот во Гостивар запленета дрога вредна 120 илјади евра

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Пресечен меѓународен канал за транспорт на дрога. Полицијата на влезот во Гостивар, спречи шверц на 32 килограми марихуана, вредна околу 120.000 евра. Според информациите на МВР дрогата во земјава влегла од Албанија а била превезувана во две патнички моторни возила управувани од три лица од Скопје и еден албански државјанин.

<

Криминалната група била организирана од септември 2023 година од албанскиот државјанин, кој бил баран со потерница во Република Албанија и други држави од Европската Унија, исто така, за недозволена продажба на наркотици.

Во периодот од септември до сега тој организирал транспорт на дрога од Албанија во нашата држава, по што во Скопје организирал мрежа на препродавачи. Лицата биле лишени од слобода, а во текот на денот, со судска наредба, биле извршени претреси на пет локации во Скопје, при што биле пронајдени марихуана и други материјални докази за нивната инволвираност во вршење на кривичното дело. По целосно расчистување и документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Охриѓанец со ЈУГО киднапирал 60-годишна жена.

На 12.08.2025 во 22:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода З.Ј.(59) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека...

Свечена владина седница по повод 24 години од Охридскиот рамковен договор

Владата денеска ќе одржи свечена седница на која ќе бидат одбележани 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. На седницата, како што најави владината...

Создавање природни човечки заби во лабораторија-Македонка на врвот на светската наука

Во свет исполнет со научни предизвици и иновации, сè поголем број Македонки се пробиваат на светската сцена, оставајќи силен белег во различни научни дисциплини...

Орце Ѓоргиевски: Најголемата шанса во политиката ми ја даде Мицкоски и Бог.

Во поткастот на ТВ Сител, кандидатот за градоначалник на Скопје Орце Ѓоргиевски вели дека најголемата шанса во политиката му ја дале Мицкоски и Бог. Тој...