20.9 C
Ohrid
сабота, септември 13, 2025
ПочетнаМакедонијаТочно девет месеци ниту трага и глас од исчезнатиот Самоил Костадиновски, внукот...

Точно девет месеци ниту трага и глас од исчезнатиот Самоил Костадиновски, внукот на споругата на лидерот на ОМ и поранешен министер за внатрешни Љубе Бошковски.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Точно девет месеци ниту трага и глас од исчезнатиот Самоил Костадиновски, внукот на споругата на лидерот на ОМ и поранешен министер за внатрешни Љубе Бошковски. Потрагата по него како што потврдуваат од МВР се уште трае, иако за овој случај беа уапсени две лица а едно е во бегство кои се поврзуваат со исчезнувањето на 26 – годишниот Самоил. Последната пат е виден во моментот кога влегува во автомобил со непознати лица во близина на Чешката амбасада на Водно.

<

Во септември обвинителството за двете лица поднесе обвинение, за грабнување за едниот и соизвршетелство за другиот.

„Намерата им била да го натераат оштетениот да плати претходно украдена наркотична дрога – хероин во количина од 4 килограми. Со возилото обвинетите го однеле оштетениот на непознато место спротивно на неговата волја.“

…извести тогаш обвинителството додавајќи дека сега обвинетите по грабнувањето на Самоил на 3ти март испраќале пораки до членови на семејството со барање за уплата на средства за наводно преземена, а неисплатена наркотична дрога. Во неговиот татко Љупчо Костадиновски беше пукано во јули а семејството тоа го поврзуваше со киднапирањето на Самоил. Тој неколку пати и преку медиумите се обидуваше да дознае нешто повеќе или евентуално да го пронајде својот исчезнат син, а нудеше и парична награда.

„Ми се чини дека е киднапиран и можеби во себе имал некоја сума на пари…“

Вториот обвинет во случајот како соучесник го обезбедил возилото со кое го носеле Самоил кое подоцна беше пронајдено опожарено во Драчево. Откако сега обвинетите беа уапсени десетина дена по киднапирањето, според информациите се бранеле со молчење, па се очекува повеќе информации околу тоа каде е Самоил Костадиновски да се добијат преку судската постапка.

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Перчо Божиноски носител на листата на ВМРО ДПМНЕ за Советот на Општина Охрид

Перчо Божиноски ( актуелен Претседател на Советот на Општина Охрид ) ќе ја предводи листата за Совет на ВМРО ДПМНЕ на Локалните избори годинава...

Мојсоска кандидат на Левица за градоначалник на Струга

Во општините Тетово, Гостивар и Струга, Левица е единствената парламентарна партија од македонскиот политички блок која излегува со сопствени кандидати за градоначалници, наведува Левица...

Во Тетово натепан млад механичар.

На 11 септември 2025 година во 18:00 часот, во Полициското одделение Камењане, С.Ф. (20) од село Синичане, тетовско, пријави дека околу 17:00 часот бил...

МВР ќе обезбеди мирни и безбедносни избори.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска од Струга порача дека МВР веќе презема мерки за обезбедување мирен и безбеден изборен процес во пресрет...