13.9 C
Ohrid
петок, ноември 22, 2024
ПочетнаМакедонијаАзил за Љупчо Палевски не би дала ниедна држава на Земјината топка

Азил за Љупчо Палевски не би дала ниедна држава на Земјината топка

Ниту Русија, ниту Белорусија, ниту која било друга држава во светот не би му дала азил на Љупчо Палевски – Палчо, осомничен за грабнувањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и за егзекуцијата на 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, велат безбедносни експерти за „Слободен печат“.
Палевски се бара со меѓународна потерница за истрага за кривичните дела грабнување и убиство по издадена наредба од ОЈО Скопје, а каде се наоѓа во моментов не е познато. Кога ќе биде пронајден ќе оди директно во притвор.

– Во принцип, секоја држава дава политички азил, но не и за извршени тешки кривични дела како ликвидации и убиства. Русија и Белорусија нема да му дадат. Амбасадата на Русија во Македонија ги следи сите овие состојби и руските служби за разузнавање имаат информации и на оваа работа не верувам дека ќе се сложат. Можно е некоја друга држава да го користи за други акции, во смисла на тероризам, но мислам дека Љупчо Палевски е компромитирана личност до крај, сите медиуми објавија податоци и фотографии од него и сметам дека нема кој да го заштити. Не верувам ниту дека има финансии, за условно речено да си ја купи слободата некаде. Очекувам Турција брзо да го врати назад, бидејќи има информации дека е таму и дека планирал да замине за Русија или Белорусија, но ако го пресечат тука неговиот пат, уште во Турција, тоа ќе биде добро, изјави за „Слободен печат“ Павле Трајанов, поранешен министер за внатрешни работи.

На прашањето дали доколку Палевски поседува компромитирачки материјали, како што се знае дека поседуваше, односно дека располагаше со незаконски снимени разговори -„бомби“ и дали тоа би можела да биде валутата со која би си ја платил слободата, Трајанов вели дека тоа не е можно.

– Нема простор. Не се работи за политички дисидент туку за осомничен убиец за такви тешки злосторства, што нема место во светот кое би го заштитило или каде би се сокрил. Во врска со прислушкуваните разговори до кои дојде СДСМ па и ВМРО-ДПМНЕ, тие почнаа да ги делат и еден од тие што ги доби беше Љупчо Палевски-Палчо и да не ги ширам сите други од криминалното подземје, кои што ги користеа за уцена. Многу информации добија и криминални групи од Косово. Тоа значи, тие разговори повеќе не се корисни. Но она што е огромна грешка и за кое како медиум треба да прашувате и да се интересирате, е како може на Љупчо Палевски-Палчо да му се пронајде оружје кое е држено нелегално и за тоа да не одговара. Врвовите на сите политички партии држат контакти со ваков профил на луѓе, па после тие стануваат силни и се охрабруваат еве што да прават. Доволен е тој факт, бидејќи казните за нелегално поседување оружје се високи. Кој е тој што го блокирал тој процес? Ако одговарал Палевски за нелегалното оружје, ќе се спречеше да направи вакви тешки злосторства – смета Трајанов.

За повеќе детали Слободен Печат

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

При ископини пронајдени темели од црква: Јени џамија во Битола ќе претставува Музеј на христијанската и муслиманската култура.

По долги години ископувања и реставрација, повторно e отворена за посетители Јени џамија во центарот на Битола која ќе претставува Музеј на христијанската и...

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...

Абе дојдете кој сакате: Лидерот на Левица, фрли слушалки кон пратеник и се обиде физички да се пресмета

Малку фалеше да дојде до физичка пресметка помеѓу лидерот на Левица, Димитар Апасиев, со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието. Апасиев најпрвин влезе во вербална...

Давкова: Ќе се сретнам утре со Шекеринска за да и честитам.

Дозволете, да Ве информирам дека утрово беше остварен телефонски разговор со госпоѓата Радмила Шекеринска-Јанковска. Во разговорот ѝ е упатена покана за средба со цел...